Воспитната компонента во образовните системи според експертите е запоставена во однос на другите сегменти од процесот на образованието, особено ако се спореди со енциклопедискиот тип на учење.
-
Македонија 19.09.2016 15:49
-
Македонија 19.09.2016 15:10
Соработка со територијалната гарда од Вермонт
Размена на искуства за мигрантската криза и за справување со последиците од елементарните непогоди.
-
Македонија 19.09.2016 14:58
Универзитетите од Битола и од Солун ќе соработуваат
Универзитетите од Битола и од Солун ќе соработуваат во областите на наставно научните активности. Се зајакнува културната врска меѓу двата града, изјавија ректорите на овие академски установи, по потпишувањето на договорот за соработка.
-
Македонија 19.09.2016 14:50
Метео: Облачно и посвежо време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време од денешното со слаби локални врнежи од дожд и умерен повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието каде на моменти ќе достигнува брзина и над 50 километри на час.
-
Македонија 19.09.2016 13:29
Извештајот на СЈО в понеделник на собраниска седница
Вториот 6-месечен извештај на Специјалното јавно обвинителство, Собранието ќе го разгледува на седницата што спикерот Вељаноски ја закажа за идниот понеделник.
Извештајот на специјалната обвинителка Катица Јанева, се однесува за периодот од 15-ти септември 2015 до 15-ти март годинава.
-
Македонија 19.09.2016 13:09
Црвен крст: Исплатени над милион евра на 4.200 семејства
На трансакциските сметки на околу 4.200 поплавени семејства се префрлени милион и 20 илјади евра, известија денеска од Црвениот крст на РМ. Донацијата беше собрана преку банкарски сметки и преку броеви од сите мобилни оператори.
-
Македонија 19.09.2016 13:04
Иванов се сретна со македонската дијаспора
Претседателот на Република Макеоднија Ѓорге Иванов се сретна со претставниците на македонската дијаспора во Њу Џерси, САД.
Ова е дел од неговата работна посета во рамките на Генералното заседание на ОН, каде што Иванов ќе има и обраќање поврзано со илегалната миграција.
-
Македонија 19.09.2016 10:17
Генератори и пумпи за Скопскиот регион од Русија
Мобилни генератори, специјални пумпи и опрема, ќебиња, конзервирана храна, е руската помош за населението во поплавените подрачја во Скоскиот регион.
-
Македонија 19.09.2016 10:15
Помош и поддршка за поплавените од Израел
Израелски експерти за елементарни непогоди, денеска во Стајковци со амбасадорот Дан Оријан ќе донираат градежен материјал и опрема за поплавените подрачја.
-
Македонија 19.09.2016 10:06
Почна сезоната на зимници
Сезоната на ајвари почна еден месец порано од лани. На локалните пазари понудата е многу голема, а пиперките ги откупува и конзервната индустрија.








