Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ќе се одржи конференција на тема „Париз Балкан 2016 – клучни предизвици и очекувања на Република Македонија“.
-
Македонија 22.06.2016 09:55
-
Македонија 22.06.2016 09:41
Можност за самостоен увоз на средства за заштита на растенијата
Со воведувањето на таканаречениот паралелен увоз се овозможува повеќе фирми да набавуваат пестициди од странство.
Препаратите мора да се одобрени за употреба и регистирани во земјите на Европската Унија.
-
Македонија 21.06.2016 17:00
Собранието не го изгласа предлогот за импичмент на Иванов
Собранието пред малку не го изгласа предлогот поднесен од пратениците на СДСМ за утврдување на одговорност за претседателот Ѓорге Иванов.
За импичмент на шефот на државата гласаа 35 пратеници, а 47 беа против.
-
Македонија 21.06.2016 16:38
Партиите со реакција за синоќешните демонстрации
Вчера СДСМ демонстрираше анархија и беззаконие преку платени маскирани хулигани со една единствена цел, да го предизвика гневот на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија и да поттикне меѓусебно закрвување и конфликт. Ние знаеме дека тоа им е крајната цел- рече Илија Димовски.
-
Македонија 21.06.2016 16:29
Во тек вториот уписен рок на Институтот за филм во Охрид
Кандидати од САД, Индија, Мексико, Ирска се пријавиле на првиот уписен рок на објавениот конкурс за постдипломски студии на Институтот за филм - Филмска академија Охрид. Вкупно имало 18 кандидати. 11 ги исполниле условите за прием и тие со студиите ќе почнат од октомври.
-
Македонија 21.06.2016 15:15
Одбележан денот на Охридското Езеро
Со пуштање на завет во шише во езерските води, потпишан од градоначалниците на Охрид и албанскиот град Поградец, најмладите од двата крајезерски града се обврзаа дека ќе го чуваат Охридското Езеро како најскапоцен божји дар.
-
Македонија 21.06.2016 14:25
Тодоров: Нема најави за лидерска средба
Министерот за здравство и шеф на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров очекува набрзо да има напредок во преговорите меѓу четирите партии за целосно спроведување на договорот од Пржино. Вели дека засега нема најави за нова лидерска средба, бидејќи нема конкретен договор.
-
Македонија 21.06.2016 14:22
Претседателот Иванов се сретна со началникот на ГШ на армијата на Полска
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го прими началникот на Генералштабот на вооружените сили на Република Полска генерал Мјечислав Гоцул. -
Македонија 21.06.2016 12:18
Сѐ повеќе се користат електронските услуги во здравството
Вкупно 16.721 осигуреник досега ги искористиле електронските услуги во здравството, соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Најкористена електронска услуга е онаа за заверка на ортопедски помагала.
-
Македонија 21.06.2016 10:39
Петти ден расправа во Собранието за импичмент на Иванов
Во Собранието на Република Македонија за денеска напладне е најавено продолжение на расправата за Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците од опозицијата.









