15 студенти од Факултетот за електротехника го претставија првиот електричен картинг во Македонија. Наречен е „Феитмобил“. Се напојува со батерии, а моторот има моќност од 2,5 киловати. Може да се движи околу половина час.
-
Македонија 24.06.2016 13:49
-
Македонија 24.06.2016 13:14
Отворена нова градинка во Петровец
Премиерот Емил Димитриев денеска беше во Општина Петровец каде се отвори новата детска градинка со капацитет за згрижување 80 деца. Владата, рече Димитриев ќе продолжи со проектите во Петровец со цел подобрување на условите за живот на граѓаните.
-
Македонија 24.06.2016 11:11
Продолжен рокот за пријавување субвенции за млеко
Рокот за поднесување на барањата за субвенционирање на произведеното и предаденото овчо, козјо и кравјо млеко во периодот од јануари до април 2016 година ќе се продолжи од 25 до 30 јуни годинава.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.
-
Македонија 24.06.2016 08:33
Претседателот Иванов во посета на МВР
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска ќе го посети Министерството за внатрешни работи, каде што ќе се сретне со министерот Митко Чавков.
-
Македонија 23.06.2016 15:16
Метео: Продолжува топлото време, заладување од недела
И утре во Македонија ќе превладува сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.
Попладне е можна изолирана појава на краткотраен локален дожд со ретки грмежи.
-
Македонија 23.06.2016 15:09
Во ДИК состанок на работната група за Избирачки список
Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска се одржува првиот состанок на Работната група за Избирачки список на кој присуствуваат претставници на институциите, на политичките партии, на амбасадите на САД и на ЕУ, на ОБСЕ, на ИФЕС и на невладини организации.
-
Македонија 23.06.2016 15:06
Заев: Го замрзнуваме учеството во Собранието
Сѐ додека Уставниот суд не се произнесе за законитоста на Специјалното јавно обвинителство, СДСМ и коалициските партнери нема да учествуваат во работата на Собранието, изјави лидерот на партијата Зоран Заев.
-
Македонија 23.06.2016 14:52
Сулејман Османи екстрадиран од Косово во Македонија
Сулејман Османи, познат како командант Сула е екстрадиран од Косово во Македонија, потврдија од МВР. 55-годишниот османи во јули, минатата година беше уапсен од косовските власти по распишана меѓународна потерница.
-
Македонија 23.06.2016 14:32
Јанкулоска: Се потврди дека СЈО функционира како продолжена рака на опозицијата
„Денеска се потврди дека Специјалното јавно обвинителство функционира како продолжена рака на опозицијата“, изјави поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по распитот за случајот „Тврдина“.
-
Македонија 23.06.2016 14:14
Аневски: Јанева да соработува со Советот на јавни обвинители заради владеењето на правото
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, смета дека во моментов во Македонија има две јавни обвинителства и оти не знае како во иднина, Специјалното јавно обвинителство, предводено од Катица Јанева, ќе се вклопи во јавнообвинителскиот систем во земјата.









