Денеска е Свети Ѓорѓија Победоносец, празник на обновувањето на природата и на животот воопшто.
Овој празник се поврзува со Велигден и со воскреснувањето, односно повторното раѓање.
Денеска е Свети Ѓорѓија Победоносец, празник на обновувањето на природата и на животот воопшто.
Овој празник се поврзува со Велигден и со воскреснувањето, односно повторното раѓање.
На полноќ истече рокот за пријавување на претставници на партиите за претседател, потпретседател и членови во општинските изборни комисии.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре учествува на меѓународниот форум за глобална безбедност што се одржува во Будва, Црна Гора.
Јолевски ќе говори на панелот посветен на заштитата на границите на ЕУ и Југоисточна Европа, предизвикан од мигрантската криза.
До 30-ти јуни земјоделците ќе можат од дома, преку компјутер, да поднесуваат барања за субвенции до Платежната агенција.
Во скопската касарна „Илинден“ денеска ќе се одржи централната свеченост во рамки на одбележувањето на 7-ми Мај - Денот на македонската полиција.
Протест на затворениците воопшто не бил ниту најавен, ниту пак се случил, вели директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски. Според него, состојбата во казнено-поправната установа е редовна и се реализираат посетите на затворениците од нивните семејства.
Со палење меморијални свеќи се одбележаа 73 години од востанието и смртта на шест милиони евреи во Варшавското гето. Денешниот ден е ден на херојството достоинството и непокорот на човекот, рече директорот на Музејот на холокаустот, Горан Садикарио.
Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, вели дека САД и Европската унија работат заедно во обид да се заврши политичката криза. „Има некои пречки. Продолжуваме со силен ангажман во деновите и неделите кои претстојат“ – рече Бејли.
со компјутери и основи на програмирање како задолжителен предмет влегува и во четврто одделение – соопшти Министерството за образование. Досега ова функционираше како пилот - проектот во третолетка, со еден час неделно.
Апарат значаен за дијагностицирање и следење на епилепсија, промени кај децата со аутистичен синдром, увид во интелектуалните и психомотрните способности кај дете, доби заводот за ментално здравје. Вредноста на апаратот е околу 1,5 милион денари.