• Македонија 30.04.2016 14:15

    Честитка од Димитриев по повод Велигден

    Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев по повод големиот христијански празник Христово Воскресение - Велигден испрати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г.г.

  • Македонија 30.04.2016 11:28

    Честитка од Иванов по повод Велигден

    Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Република Македонија.

  • Македонија 30.04.2016 11:03

    Велигденска порака на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

    Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово - Велигден.

  • Македонија 29.04.2016 16:03

    Велики Петок- најтежок христијански празник

    Со свети литургии, читање извадоци од евангелијата во која е опишана страдалната недела, православниот свет ги одбележува последните денови пред христовото воскресение- Велигден. Верниците за Велики Петок ја продолжија вековната традиција.

  • Македонија 29.04.2016 15:56

    Празнично трошење- со сите обичаи и традиции, ама поскромно

    Со сите обичаи и традиции, ама малку поскромно. Вака размислуваат граѓаните кога е во прашање празничното  трошење, за Велигден и за први мај. Онаа народната за чергата и длабочината на џебот им е наум на сите

  • Македонија 28.04.2016 16:36

    СДСМ: ДИК да ги објави личните податоци на избирачите

    СДСМ смета дека Државната изборна комисија треба да постапи во согласност со изборниот закон и на својата веб страница да ги објави личните податоци и адресите на гласачите. Како што рече Манчевски, доколку ДИК не го  стори тоа, партијата ќе поднесе кривични пријави против комисијата.

  • Македонија 28.04.2016 16:05

    Протестите во мирување за време на празниците

    Протестите се ставени во мирување за време на Велигденските и Првомајските празници. Ќе нема демонстрации низ земјава.

  • Македонија 28.04.2016 16:03

    15 години од загинувањето на македонските бранители кај Вејце

    И по 15 години Битолчани не можат да го заборават тоа априлско попладне во 2001-та. Пристигна вестта дека четврица нивни сограѓани, полицајците Марјан, Илчо, Бошко и Кире се убиени кај тетовско Вејце. Нивните харбри дела останаа да живеат вечно - велат од здруженијата на бранителите.  

  • Македонија 28.04.2016 15:52

    Се истражува причината за смртта на Крпач

    Се истражува причината за смртта на Коста Крпач. Од Јавното обвинителство информираат дека обвинителот кој бил на самото место издал наредби за обдукција, за балистичко вештачење и прибирање траги од лице место. Велат дека постапките се во тек. Ги чекаат извештаите, по што ќе ги  анализираат.

  • Македонија 28.04.2016 15:29

    Одбележан Денот на МНР

    Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше одбележан Денот на МНР ( 29 Април) - празник што го симболизира создавањето на македонската дипломатска служба и нејзиниот развој од основањето во далечната 1969 година до денес.

Pages