Вкупно 5 лица заработија куќен притвор во траење од 8 дена, неколкумина добија кривични пријави, а десетина лица ќе одговараат прекршочно по нередите предизвикани на протестите од граѓанската иницијатива „Протестирам“.
-
Македонија 26.04.2016 15:05
-
Македонија 26.04.2016 13:59
Со мерките за превенција прегледани 40 илјади осигуреници
Со воведувањето на мерките за превенција во примарната здравствена заштита, матичните лекари прегледаа 40 илјади здравствени осигуреници во првите три месеци од годинава.
-
Македонија 26.04.2016 13:50
Метео: Утре сончево време со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува.
Дневната температура ќе биде во пораст и ќе достигне до 23 степени.
-
Македонија 26.04.2016 13:43
Заеднички да се работи на членство во НАТО
Политичката криза може да не оддалечи од северноатлантските интеграции, и затоа сите и опозиција и власт, и граѓанското општество треба да работат на нејзиното надминување, оценија на денешната симулација на претстојниот НАТО Самит во Варшава.
-
Македонија 26.04.2016 13:37
Обединети за Македонија: Врз партијата се врши реваншизам
„Обединети за Македонија како партија на свој грб го има почувствувано реваншизмот на власта кон политичките неистомисленици за да ги замолчи на најсуров начин преку монтирани процеси“, се вели во денешното соопштение на Обединети за Македонија, потенцирајќи за случајот со претседателот на партиј
-
Македонија 26.04.2016 13:27
Нема нови случаи на „чвореста кожа“
Нови случаи на болеста „чвореста кожа“ кај говедата нема иако постојат сомнежи за нивна појава во подрачја околу Демир Капија, но тие не може да се потврдат додека не бидат готови лабораториските резултати, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
-
Македонија 26.04.2016 12:18
Зоран Караџовски- нов претседател на Судски совет
Зоран Караџовски е новиот претседател на Судскиот совет. Доаѓа на местото на Бранко Ушковски, чиј мандат му истече на 21-ви април. Едногласно е избран од 12 членови на Советот.
-
Македонија 26.04.2016 11:27
Одржан уште еден состанок за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција
Уште еден состанок на работните групи за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, овојпат одржан вчера во Скопје.
-
Македонија 26.04.2016 11:25
Спречен шверц на 9 килограми марихуана
Мобилните тимови на Царината, во соработка со Министерството за внатрешни работи на граничниот премин „Богородица“ спречија обид за криумчарење на околу 9 килограми марихуана.
-
Македонија 26.04.2016 10:59
Кофи: Недостига лојалност на опозицијата во Македонија
Недостига лојалност на опозицијата во Македонија, забележува Лук Кофи, директор на американската Херитиџ Фондација во интервјуто за „Вашингтон Пост“.










