Со свети литургии, читање извадоци од евангелијата во која е опишана страдалната недела, православниот свет ги одбележува последните денови пред христовото воскресение- Велигден. Верниците за Велики Петок ја продолжија вековната традиција.
-
Македонија 29.04.2016 16:03
-
Македонија 29.04.2016 15:56
Празнично трошење- со сите обичаи и традиции, ама поскромно
Со сите обичаи и традиции, ама малку поскромно. Вака размислуваат граѓаните кога е во прашање празничното трошење, за Велигден и за први мај. Онаа народната за чергата и длабочината на џебот им е наум на сите
-
Македонија 28.04.2016 16:36
СДСМ: ДИК да ги објави личните податоци на избирачите
СДСМ смета дека Државната изборна комисија треба да постапи во согласност со изборниот закон и на својата веб страница да ги објави личните податоци и адресите на гласачите. Како што рече Манчевски, доколку ДИК не го стори тоа, партијата ќе поднесе кривични пријави против комисијата.
-
Македонија 28.04.2016 16:05
Протестите во мирување за време на празниците
Протестите се ставени во мирување за време на Велигденските и Првомајските празници. Ќе нема демонстрации низ земјава.
-
Македонија 28.04.2016 16:03
15 години од загинувањето на македонските бранители кај Вејце
И по 15 години Битолчани не можат да го заборават тоа априлско попладне во 2001-та. Пристигна вестта дека четврица нивни сограѓани, полицајците Марјан, Илчо, Бошко и Кире се убиени кај тетовско Вејце. Нивните харбри дела останаа да живеат вечно - велат од здруженијата на бранителите.
-
Македонија 28.04.2016 15:52
Се истражува причината за смртта на Крпач
Се истражува причината за смртта на Коста Крпач. Од Јавното обвинителство информираат дека обвинителот кој бил на самото место издал наредби за обдукција, за балистичко вештачење и прибирање траги од лице место. Велат дека постапките се во тек. Ги чекаат извештаите, по што ќе ги анализираат.
-
Македонија 28.04.2016 15:29
Одбележан Денот на МНР
Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска беше одбележан Денот на МНР ( 29 Април) - празник што го симболизира создавањето на македонската дипломатска служба и нејзиниот развој од основањето во далечната 1969 година до денес.
-
Македонија 28.04.2016 15:27
Јолевски: Инвестиции за модернизација на АРМ
Транспортери, оклопни возила, набавка на опрема за специјални задачи, подобрување на капацитетите на противоздушната одбрана, ремонт за транспортните и борбените хеликоптери. Ова е дел од предвидената опрема и модернизација во АРМ. Имплементатор на процесот ќе биде Министерството за одбрана.
-
Македонија 28.04.2016 15:11
Димитриев: Изборите на 5-ти јуни се неопходни
Изборите на 5-ти јуни се неопходни- вели претседателот на владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев. Смета дека се исполнети сите услови за нивно одржување.
-
Македонија 28.04.2016 15:04
Почнуваат Велигденските чествувања
„Три јајца- едното за Господ, едното за куќата, едното за плодност“, вели прилепчанката Менче Пејоска. Вапсани се велигденските јајца. Првото пред изгрејсонце, оставено на прозорецот, да го помилуваат првите сончеви зраци.









