Иновативна идеја за употреба на горива, т.н. џет- пек, е првопласирана на натпреварот што се одржа во „Њу менс бизнис акселераторот“ во Скопје, како дел од глобалниот „Спејс апс челинџ“ натпревар на НАСА.
-
Македонија 26.04.2016 10:52
-
Македонија 26.04.2016 10:21
Студено и ветровито време, утрински температури под нулата
Студено и ветровито, со утрински температури под нулата. Најниска температура изутрината беше забележана во Берово, -2 целзиусови, додека во Скопје беше околу нулата.
-
Македонија 26.04.2016 08:34
Делегација на ПССЕ во предизборна посета на Македонија
Делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, предводена од Стефан Шенах, социјалист од Австрија, на денеска и утре ќе престојува во Македонија во предизборна мисија.
-
Македонија 26.04.2016 08:21
Прекин на сообраќајот кај Пресека поради минирање
Сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид кај Пресека, поради минирање ќе биде во прекин меѓу 13:00 и 15:00 часот со време траење од 15 до 20 минути.
-
Македонија 25.04.2016 17:05
Случај „Космос“: Цаноски бара одговорност, Трајковски вели- постапувавме законски
Од Партијата за европска иднина бараат одговорност за рушењето на објектот Космос. Според нив, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски треба да поденесе морална и правна одговорност. Истовремено се бара и повлекување на аболицијата од претседателот Иванов.
-
Македонија 25.04.2016 16:52
Средба Зариф- Попоски: Економијата и туризмот идни области за соработка
Неоткриен потенцијал лежи во билатералните односи меѓу Иран и Македонија, пред сѐ во економската и во туристичката област, но и во размената на културните вредности.
-
Македонија 25.04.2016 16:06
Нова опрема во поликлиниката во Чаир
Пет нови апарати за физикална терапија, биохемиски анализатор и ехо на срце - доби поликлиниата Чаир. Надлежните велат дека двојно ќе се зголеми листата на лабораториските услуги. Според нив, од новата лабораториска опрема најголема корист ќе имаа дијабетичарите.
-
Македонија 25.04.2016 15:53
Пропадна обидот за избор на претседател на Судскиот совет
Обидот за избор на претседател на Судскиот совет пропадна. Советот гласаше изедначено за двајцата кандидати. Секој од нив од вкупно 13 гласови доби по шест гласа, а еден глас беше неважечки.
-
Македонија 25.04.2016 15:30
Метео: Утре сончево, посвежо и ветровито време
Утре во Македонија ќе преовладува сончево, посвежо и ветровито време со умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и до 70 километри на час.
Дневната температура ќе достигне само до 15 степени.
-
Македонија 25.04.2016 15:25
Советот на Европа во предизборна мисија
Предизборната делегација на ПССЕ, која ќе треба да ја посети Македонија има за цел да се запознае со условите за подготовките на изборите закажани за 5-ти јуни и воопшто со политичката криза која ја тресе нашата земја.










