Здружението на новинарите на Македонија изразува разочараност од одлуката на српските власти да го екстрадираат во земјава новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
-
Македонија 22.04.2016 15:04
-
Македонија 22.04.2016 15:00
Брисел: Ситуацијата е сериозна, одговорноста е кај домашните политичари
Откако пропаднаа преговорите во Виена, Европската Унија сѐ уште не ги соопштува идните чекори. Брисел смета дека ситуацијата е сериозна, но порачува дека одговорноста е кај домашните политичари.
-
Македонија 22.04.2016 14:50
„Балкан тригер“: Во регионална акција на Интерпол уапсени 14 лица
Четиринаесет лица уапсени, запленето поголемо количество експлозив, оружје и муниција. Во регионалната полициска акција „Балкан тригер“, раководена од Интерпол, учествувале 5 илјади полицајци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
-
Македонија 22.04.2016 14:31
Протест на студентите по медицина пред Министерството за здравство
Студентите по медицина протестираа пред Министерството за здравство. Побараа средба со министерот за да им објасни зошто е потребно да полагаат државен испит на крајот од втората и четвртата година од студиите и кои предмети ќе бидат опфатени.
-
Македонија 22.04.2016 13:59
Мртов маж извлечен од водите на Вардар во Скопје
Труп на непознато машко лице на возраст меѓу 70 и 80 години е извлечен вчера околу 13:45 часот од водите на реката Вардар во Скопје, соопшти МВР.
-
Македонија 22.04.2016 13:54
Попоски на средба со Коѕиас во Солун
Втор ден од министерската конференција во Солун, каде што покрај шефовите на дипломатиите, учествуваат и министрите за внатрешни на Македонија, Албанија, Грција и на Бугарија.
-
Македонија 22.04.2016 13:39
Метео: Облачно во сабота, врнежи во недела
Првиот ден од викендот ќе донесе умерено облачно време со кратки сончеви периоди.
Во попладневните часови и кон крајот на денот ќе настапи локално зголемување на облачноста со услови за повремен слаб дожд во делови од земјава.
-
Македонија 22.04.2016 12:13
Македонија 2025: Политичката криза да се реши на демократски начин
Одборот на директори на Македонија 2025 изрази загриженост поради продолжувањето на политичката криза и оцени дека земјата не смее да го губи времето на политички несогласувања кои се бариера за економскиот развој.
-
Македонија 22.04.2016 12:08
Македонија дел од глобалниот хакатон натревар на НАСА
Сто и дваесет студенти од Македонија од денеска се вклучија во дводневниот глобален светски хакатон натпревар на Американската веселенска организација (НАСА) „NASA Space Apps Challenge“.
-
Македонија 22.04.2016 11:54
Зоран Божиновски екстрадиран во Македонија
Зоран Божиновски доцна синоќа е екстрадиран во Македонија, и е пренесен во затворот во Шуто Оризари, потврдија од МВР за Македонската телевизија.
Натамошната постапка против него е во надлежност и ќе ја спроведува Министерството за правда.










