Во Службен весник објавени одлуки на претседателот Иванов за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка.
Има 42 одлуки кои се однесуваат за актуелни и поранешни функционери од власта и од опозицијата.
Во Службен весник објавени одлуки на претседателот Иванов за помилување, односно ослободување од гонење без спроведување постапка.
Има 42 одлуки кои се однесуваат за актуелни и поранешни функционери од власта и од опозицијата.
Агенцијата за храна и ветеринарство го осуди обидот на техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, јавноста да ја доведе во заблуда дека граѓаните на Македонија јадат небезбедна храна, се вели во соопштението.
Претседателите на Македонија, Хрватска и Словенија го посетија транзитниот центар Винојуг. Поради безбедносни причини не ја посетија кота 59.
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бара вонредна седница на Парламентот.
Германија изразува длабока загриженост од потегот на претседателот Иванов. Во соопштението од Сојузната влада, пренесено од Амбасадата во Скопје, е наведено:
Во Брисел средба на еврокомесарот Јоханес Хан со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит. Разговорите се завршени. Се очекува официјално соопштение.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги повика сите политичари да не ја прифатат одлуката за општата аболиција, која вчера ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов. Според Заев, Иванов донел решенија за помилување на 100 функционери.
Од Кривичниот суд во Скопје информираат дека Кабинетот на претседателот Иванов до институцијата ја доставил одлуката за помилување на осуденик, при што истата е доставена до затворот, каде човекот издржува казна од три години зад решетки за шпионажа и за неовластено прислушување.
Црвениот крст на Република Македонија презентираше стратегија за социјална инклузија на старите лица, финансирана од Европската Унија. Ќе се имплементира во наредните три години во Македонија, и во четири земји во регионот - во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.
Одлуката на претседателот Иванов не е во согласност со моето разбирање на правната држава. Со оглед на овој развој, имам сериозни сомненија дали сѐ уште се можни кредибилни избори, вели еврокомесарот Јоханес Хан.