Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
-
Македонија 11.12.2015 08:33
-
Македонија 10.12.2015 17:03
Државата да создаде услови за непречена работа на медиумите, но и да ја гарантира безбедноста
„Насилството врз новинарите е еден од основните индикатори кога се оценува степенот на слободата на медиумите во една земја“, велат од Здружението на новинари на Македонија. Според нив состојбата е уште посериозна ако ваквото насилство поминува неказнето од институциите.
-
Македонија 10.12.2015 16:46
Груевски: Опозицијата е свесна дека ја нема довербата од граѓаните
„Македонија е безбедна колку што е и цела Европа. Сите сме во ист кош и затоа е потребен заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот“- оценка на премиерот Груевски за безбедносната состојба.
-
Македонија 10.12.2015 16:38
Македонија- Израел: Продолжува соработката во одбраната и безбедноста
Соработката во областа на одбраната и безбедноста ќе продолжи како досега – Израел ги потврди цврстите односи со Македонија, и на овие и на другите полиња.
-
Македонија 10.12.2015 16:11
Регионална соработка за справување со предизвиците на бегалската криза
Само преку регионална соработка на повисоко институционално ниво можат да се решат проблемите со бегалската криза и заканите од глобалниот тероризам. Ваква порака испрати претседателот на македонскиот Парламент, на сесијата на Парламентарната димензија на Централно европската иницијатива.
-
Македонија 10.12.2015 15:11
Анкетна комисија: Сослушување на сведоците од понеделник
Со мнозинство гласови, Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, не го прифати дневниот ред за сослушување сведоци. ВМРО ДПМНЕ на оваа седница предложи да се формира работна група за посета на безбедносните служби во земјава.
-
Македонија 10.12.2015 15:06
Меџитлија: Се подига жичана ограда на границата со Грција
Портпаролот на македонската Армија, потполковник Тони Јаневски, за МТВ потврди дека вчеравечер почнало подигањето на оградата кај граничниот премин Меџитлија, на Македонско- грчката граница.
-
Македонија 10.12.2015 15:03
Исплатени 10.863.112 денари на 146 лица како отштета од поплавите во Струмица
Владата денес исплати 10.863.112 денари на 146 лица како отштета од поплавите во Струмица, соопшти Министерството за финансии.
Заедно со претходно исплатените средства, досега се исплатени вкупно 314.512.163 денари на 2.861 лице отштетенo од поплавите кои се случија годинава.
-
Македонија 10.12.2015 14:39
Орав: Работните групи да ја завшат работата што побрзо
Партиите да се договорат за целосниот состав на ДИК, повика европскиот претставник во земјава Аиво Орав. Тој го поврза исполнувањето на Јунско-јулскиот договор со условената препорака за почеток на преговорите со Унијата.
-
Македонија 10.12.2015 14:33
Повисока капитација за матичните стоматолози
За 14 проценти ќе се зголеми капитациониот бод за матичните стоматолози. Од идната година наместо 35 денари по пациент Фондот за здравство ќе им исплаќа 40 денари. Корист од мерката ќе почувствуваат близу до 1.150 стоматолози.










