Министерството за здравство го осуди инцидентот на скопскиот Клинички центар, во кој доктор беше повреден од огнено оружје. Од ресорот бараат институциите целосно да го расветлат случајот и сторителите да се санкционираат согласно законот.
-
Македонија 09.11.2015 12:38
-
Македонија 09.11.2015 12:18
Одложено судењето за убиството на медицинската сестра од Детска клиника
Во Скопска единица се одложи и судењето за убиството на медицинската сестра на покривот од Детската клиника.
Одбраната достави психијатриско вештачење на обвинетиот, по што обвинителството побара одложување, со цел да внимателно да го проучи наодот.
-
Македонија 09.11.2015 12:15
Одложена јавната седница за „Шпион“
Марјан Маџовски, поранешниот шеф на кабинетот на претседателот на Собранието денеска не дојде на закажаното рочиште во Апелациониот суд, поради што се одложи јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на осудените во аферата „Шпион“.
-
Македонија 09.11.2015 11:42
„Ало докторе“: Граѓаните најмногу се жалат на покачен крвен притисок
Граѓаните на линијата „Ало докторе“ најмногу се жалат на покачен крвен притисок, главоболки, респираторни симптоми со зголемена телесна температура.
Ова, според сервисот „Ало докторе“, кој досега регистрирал над 60 илјади повици, е резултат на променливите временски услови.
-
Македонија 09.11.2015 11:36
МВР: За 24 часа издадени 3.673 потврди за азил
Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.673 странски државјани, од кои 1.874 се од машки пол, 640 се од женски, 916 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 243 деца кои патуваат без ро
-
Македонија 09.11.2015 11:23
Лекар ранет од огнено оружје, приведени три лица
Лекар на абдоменална хирурургија во скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ е повреден од огнено оружје откако во него пукал незадоволен пациент.
Инцидентот се случил во 09:30 часот на одделението за абодеменална хирургија.
-
Македонија 09.11.2015 11:00
Почнува со работа Специјалното јавно обвинителство
Почнува со работа специјалното јавно обвинителство, откако сите 12 обвинители минатиот петок положија заклетва пред Советот на јавни обвинители.
-
Македонија 09.11.2015 10:47
Продолжува прскањето против аерозагадувањето во Скопје
Град Скопје синоќа во два навратa, од 21 до 22 часот и од 5 до 6 часот повторно ги третираше со калциум магнезиум ацетат булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.
-
Македонија 09.11.2015 10:20
Оружен инцидент во Клинички центар
Во оружен инцидент што се случил утрово во Клиничкиот центар во Скопје повредени се три лица. Како што објавија дел од медиумите, меѓу повредените е лекар од абдоменална хирургија откако во него пукал незадоволен пациент.
-
Македонија 09.11.2015 10:20
Временските услови поволни за земјоделците
Стабилното и суво време со свежи утра и високи дневни температури се невообичаени за овој период од годината.
Tоа овозможи да се собере целиот род, особено кај тутунот кој есенва долго се береше.










