Во последните 24 часа се издадени 3.686 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Најбројни се државјаните на Сирија и на Авганистан.
За речиси 4 месеци се издадени близу 141 илјада потврди.
Во последните 24 часа се издадени 3.686 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Најбројни се државјаните на Сирија и на Авганистан.
За речиси 4 месеци се издадени близу 141 илјада потврди.
16-те македонски маратонци кои вчера во чест на Тоше Проески го започнаа 8-от меѓународен маратон од Хрватска- пристигнаа во Белград. Тие го трчаат маратонот долг 1000 км. од Нова Градишка, преку Белград и Скопје до Крушево.
Советот на Јавни обвинители денеска ќе одржи седница, на која треба да се разгледуваат одлуките на специјалната обвинителка Катица Јанева, за формирање на нејзиниот тим, како и за нејзиниот финансиски и работен план.
Министерот за одбрана Зоран Јолевски во дводневна официјална посета на Република Летонија, каде што ќе оствари средба со министерот за одбрана Рејмондс Бергманис.
По почетната еуфорија, oдгледувањето на полжави продолжува. 25 фармери наоѓаат економски интерес особено како дополнителен приход на семејните стопанства.
Брзи, лесни, но пред се здрави рецепти од кујната на познатиот шеф Огненовски ќе ги обиколaт градинките и училиштата во Општината Карпош. Oвој готвач ќе ги учи родителите како традиционалната македонска кујна може да биде здрава и уште повкусна.
Европската комисија го одложи на неопределено време, конкретно за „најмалку една недела“ објавувањето на прогрес извештаите на земјите кандидати за членство во ЕУ, вклучително и за Република Македонија, како и на потенцијалните кандидати за влез во европското семејство, а причината е актуелната б
Во тешката сообраќајна несреќа учествувале минибус „Мерцедес“ и комбе марка „Фолксфаген“, кои по регионалниот пат се движеле од Кичево кон Осломеј, како и едно товарно возило марка „Форд“, што сообраќало во спротивна насока.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е сериозно загрижен од неуспехот на четирите политички партии во Mакедонија да се договорат за изборната регулатива. Со тоа веќе се пробиваат поставените рокови за целосна имплементација на политичкиот договор од 2-ри јуни и 15-ти јули, оценува Хан.
За нешто повеќе од еден час, синоќа од засега непознати причини, на неколку кумановски улици се опожарени 11 патнички моторни возила.