Македонија од повеќе причини одамна го заслужи членството во НАТО, а не само поради огромниот придонес во справувањето со актуелната бегалската криза, смета хрватскиот началник на генералштабот генералот Ловриќ. Стратегиски интерес на целиот регион е Македонија да биде дел од Алијансата.
-
Македонија 15.10.2015 13:31
-
Македонија 15.10.2015 13:04
Антитерористичка акција во Кумановско и Скопско
Изутрината е реализирана полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица за поддршка и соработници на криминално терористичка група од кумановската населба Тоде Мендол, попозната како „Дива Населба“.
-
Македонија 15.10.2015 11:41
МВР: За 24 часа издадени 2.303 потврди за азил
Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.303 странски државјани, од кои, 1.261 се од машки пол, 395 се од женски, 443 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 204 деца кои патуваат без
-
Македонија 15.10.2015 11:08
Нова зграда на училиштето за деца со оштетен вид
Денеска ќе биде пуштена во употреба нова зграда на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Општина Кисела Вода. Проектот е на Американската амбасада во вредност од 363 илјади долари- пари обезбедени од американската армија.
-
Македонија 15.10.2015 11:03
Почна вакцинацијата против сезонски грип
Во сите Центри за јавно здравје во државата почна вакцинацијата против сезонски грип. Обезбедени се 31 илјада вакцини.
-
Македонија 15.10.2015 11:01
Почнува грејната сезона
Од денеска треба да почне грејната сезона за граѓаните кои ги користата услугите на Топлификација. Според одлуките на Регулаторна, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21, граѓаните ќе се греат до 22 часот.
-
Македонија 15.10.2015 10:59
Субвенции за поголемите сточарски фарми
Доколку сакаат субвенции, големите фарми мора да имаат складишта за арското ѓубриво. Обврската е за стопанствата со повеќе од 50 крави, 250 свињи, 5.000 несилки или 10.000 бројлери.
-
Македонија 15.10.2015 10:52
Иванов: Западен Балкан да се интегрира во безбедносниот систем на ЕУ
Мигрантската криза, глобалната безбедност, заканите од организираниот криминал, екстремизам и радикализам – ова се главните теми за кои се разговара на форумот „Кран Монтана“ во Женева.
-
Македонија 15.10.2015 08:29
Обемна полициска акција на МВР, се апсат соработници на терористите од Дива Населба
Утринава почна обемна полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановската Дива Населба, дознава МРТ.
-
Македонија 14.10.2015 18:09
Голема полициска акција во Министерството за животна средина
МВР отпочна со акција поради сомненија за криминал и незаконско работење во Министерството за животна средина, дознава МРТ.
Во Управата и Инспекторатот за животна средина се приведени две лица и уште едно надвор од работното место.










