За време на нашиот мандат ќе бидат реконструирани 400 училишта во земјава, изјави премиерот Никола Груевски, кој денеска го посети реконструираниот објект на подрачната единица на основното училиште „Дебрца“ во село Требеништа.
-
Македонија 07.08.2015 15:38
-
Македонија 07.08.2015 15:02
Груевски: Септемвриските пензии повисоки за пет отсто
Септемвриските пензии ќе бидат зголемени за пет проценти, потврди денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на охридскиот регион.
-
Македонија 07.08.2015 14:36
Шипковица: Карпа тешка неколку тони се заканува да направи поголема штета
Огромна карпа тешка неколку тони се заканува да се одрони и да направи уште поголема штета во тетовска Шипковица. Војската на терен прави стратегија како се да се отстрани.
-
Македонија 07.08.2015 14:20
Штип ќе добие современ клинички центар
Штип добива современ медицински клинички центар. Објавен е тендерот за новата болница која ќе биде главна здравствена артерија за истокот и југоистокот на земјава и во која ќе се лекуваат над 200.000 граѓани. Изградбата стартува во октомври и треба целосно да заврши за две години.
-
Македонија 07.08.2015 14:09
Велков: Во Сирија војува Балкански баталјон со околу 1.000 борци
На територијата на Сирија војува и таканаречениот Балкански баталјон кој има околу 1.000 борци, тврди бугарскиот експерт за безбедност, Славчо Велков.
-
Македонија 07.08.2015 13:16
Метео: Сончево и топло во текот на викендот
Во текот на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Попладне се очекува зголемена локална облачност со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи повеќе очекувани на планинските предели.
-
Македонија 07.08.2015 13:14
Земјоделство: 200 милиони евра за нови брани и системи
Со 200 милиони евра во наредните 10 години ќе се реконструираат постоечките и ќе се изградат нови системи за да покријат сите критични точки. Во план се градежни зафати на браните и чистење на каналите.
-
Македонија 07.08.2015 12:53
„Ќелија“: Ден по антитерористичката акција, Тутунсуз џамијата е празна
Празна е Тутунсуз џамијата. Невообичаено на половина час пред петочната молитва во неа нема ниту еден верник. Внатре навидум е се како што треба, ама сеуште се видливи трагите од полицискиот претрес. Според сознанијата на МВР, во оваа џамија имамот ги регрутирал исламските фундаменталисти.
-
Македонија 07.08.2015 12:24
Премиерот Груевски во посета на охридскиот регион
Премиерот Никола Груевски денеска ќе го посети охридскиот регион.
-
Македонија 07.08.2015 12:20
Не стивнува бранот мигранти, издадени уште 1.064 потврди
Не се намалува бранот мигранти. МВР соопшти дека во последниве 24 часа биле издадени потврди на вкупно 1.064 странски државјани, од кои, 672 мажи, 177 жени. 189 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а биле регистрирани и уште 26 деца, кои патуваат без родител.










