Пороен дожд, ветер и грмежи пред помалку од половина час зафатија делови од главниот град Скопје.
Во одредени делови заврна и град. Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
Пороен дожд, ветер и грмежи пред помалку од половина час зафатија делови од главниот град Скопје.
Во одредени делови заврна и град. Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
Доставен обвинителниот акт за сообраќајнката несреќа на 7-ми јули кај трговскиот центар Зебра, во која животот го загуби новинарката на Македонското радио, Сузана Тодоровска Павловска.
Македонските безбедносни сили се справуваат со припадници на Исламска држава во земјава. Во опсежната антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи се приведени 9 лица кои регрутирале македонски државјани за воените дејствија на џихадистите во Сирија.
Се бројат и се расчистуваат последиците од невремето во Тетовско. Со механизација се расчистуваат урнатините од селата Шипковица, Голема и Мала Речица.
За два дена, 43 деца се имунизирани со шествалентни валкцини. Освен локално црвенило, педијатрите кај нив не забележале други реакции, како зголемена температура. Овие вакцини веќе се дистрибуирани во сите градови низ земјава. Петвалентните ќе бидат достапни од септември.
По иницијатива на градоначалникот Невзат Бејта, Советот на општина Гостивар усвои одлука за распределба на 600 илјади денари за Тетово.
Се солидаризираа и советниците донирајќи го месечниот паушал. Вкупниот износ достигна 1.120.797 денари.
Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, денеска го посети тетовското село Шипковица заедно со екипа од 40 работници од ЈП „Комунална хигиена“.
Досега 43 деца во Здравствениот дом Скопје се вакцинирани со шествалентната вакцина којашто веќе е распределена во сите центри за имунизација во земјава. Нема несакани реакции кај вакцинираните деца. Локалното црвенило минува за 24 часа.
На уште 786 мигранти им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во изминатото деноноќие. Такви потврди досега се издадени на вкупно 27.233 странски државјани, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
500 метри рибарски мрежи, триесет килограми риба и стотина примероци риболовна опрема се одземени при патролирањето на Охридската гранична полиција.