-
Македонија 06.08.2015 08:49
Зголемен интензитет на сообраќајот на патиштата
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ. -
Македонија 06.08.2015 08:30
Пронајдено телото на 61-годишниот овчар од Лисец
Пронајдено е безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавите во Тетовско, потврди вечерва СВР Тетово. -
Македонија 06.08.2015 08:05
Голема антитерористичка операција на МВР против припадници на ИСИС
Во тек е голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на Исламската држава (ИСИС) во земјава, како и лица кои учествувале во врбување на македонски државјани за учество во паравоени формации, дознава МРТ.
-
Македонија 05.08.2015 17:26
Поднесено обвинение за сообраќајката кај ТЦ Зебра
Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за сообраќакната несреќа кај трговскиот центар Зебра, во која животот го загуби Сузана Тодоровска Павловска – новинар во Македонското радио.
-
Македонија 05.08.2015 16:56
Невремето го уништи родот на земјоделците
Поплавени над 250 хектари земјоделско земјиште, уништени ниви и посеви компир, грав, пченка, расипана сточна храна, угината стока. Ова се првичните податоци од терен во Голема Речица по страотното невреме.
-
Македонија 05.08.2015 16:40
Шипковица: Почна проценка на штетата, ни трага од исчезнатото девојче
Втор ден по природната катастрофа, жителите на Шипковица се справуваат со одроните. Тешка механизација го расчистува селото. Штетите се бројат во стотици илјади евра.
-
Македонија 05.08.2015 15:45
Американска поддршка за реформите во одбраната
САД остануваат голем подржувач на Македонија во спроведување на реформите во областа на одбраната - порака од американскиот генерал Вилијам Фрејзер Трети кој ја води делегацијата која престојува во посета на земјава.
-
Македонија 05.08.2015 15:16
Големи штети од врнежите, уништени речиси 250 хектари земјоделско земјиште
Големи се штетите од врнежите во земјоделството. Според првичните проценки, речиси 250 хектари земјоделско земјиште, ниви и посеви се уништени. Увид направи заменик- министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски.
-
Македонија 05.08.2015 14:59
Згрижени 200 семејства, апел за помош на настраданите во Тетовско
200 семејства од најпогодените подрачја од Тетовско ќе бидат згрижени. На оние кои ќе останат во домовите, најпотребни им се храна, вода, хигиенска средства и ќебиња. Помошта може да се предаде во пунктот на Црвениот крст во Момин Поток, а отворени се и сметки за донации.
-
Македонија 05.08.2015 13:15
Не запира бранот мигранти, вчера издадени 775 потврди за барање азил
Се уште не запира бранот мигранти. За едно деноноќие полицијата издала 775 потврди на лица кои изразиле намера за барање азил во земјава. Меѓу нив и 188 деца.









