Сончево и топло време со мала локална облачност ќе имаме и во текот на утрешниот ден.
Попладне во западните делови можен е краткотраен дожд и појава на грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Сончево и топло време со мала локална облачност ќе имаме и во текот на утрешниот ден.
Попладне во западните делови можен е краткотраен дожд и појава на грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Потпретседателот на парламентот на Нов Јужен Велс, ќе лобира за признавање на уставното име на нашата држава во Aвстралија. Заменик спикерот Федерик Џон Наил има доверба во институциите на системот, за надминување на политичката криза.
Министерството за внатрешни работи вчера издаде 649 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил.
Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното доделување на новите решенија од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, бројот на легализирани објекти се искачи на 3962.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје и оваа година е целосно подготвен да одговори на сите предизвици и зголемената опасност од појава на пожари поради високите температури во летниот период.
Регионот сеуште под пеколните африкански температури. Кон крајот на неделава може да се очекува благ пад на температурите, а забележително освежување ни пристига дури наредниот викенд.
Потпретседателот на парламентот на Нов Јужен Велс, Федерик Џон Најл, е во посета на земјава. Во Собранието, ќе оствари средби со Антонио Милошоски, потпретседател на Законодавниот дом, и претседател на Комисијата за надворешна политика.
Во Собранието денеска почнува расправата по предложениот ребаланс на буџетот за годинава, што владата го усвои во петокот.
Процесот на лустрација сакаме да заврши, но не значи дека со тоа се укинува или поништува прочистувањето на минатото од оние личности кои од идеолошко политички причини соработувале со тајната полиција, а кои потоа за нивната работа биле наградувани со позиции и материјални добра.
Нова медицинска опрема вредна 2 милиони евра ќе замени дел од дотрајаната во скопската болница „8-ми Септември“.