• Македонија 03.07.2015 15:01

    Македонија-САД: Континуирани пријателски и партнерски односи

    Одамна заслуженото полноправно членство на Република Македонија во НАТО, натамошната интеграција во Европската Унија, стабилноста и просперитетот на регионот, продлабочувањето на регионалната соработка и унапредувањето на добрососедските односи, се највисоки приоритети но и предизвици на нашата н

  • Македонија 03.07.2015 14:51

    Денеска нема лидерска средба

    За денеска не е закажана лидерска средба за надминување на политичката криза. Лидерите на четирите најголеми политички партии Груевски, Заев Ахмети и Тачи и натаму интензивно ќе се состануваат и разговараат за конечен договор за излез од политичката криза во земјава.

  • Македонија 03.07.2015 14:11

    Најдолговечни жителите во Пелагониско

    Државниот завод за статистика објави- најдолговечни се луѓето од Пелагониско, во просек живеат по 74,2 години. Во Југоисточниот, Вардарскиот и Југозападниот регион просекот е 72 години.

  • Македонија 03.07.2015 14:07

    Регистрирани првите 13 барања за азил

    Регистрирани се првите 13 барања за азил во Република Македонија откако стапија на сила измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита. Овие 13 барања се однесуваат на 17 лица од кои 13 возрасни и 4 деца. Сите лица се по потекло од Сирија на возраст од 19 до 57 години.

  • Македонија 03.07.2015 13:19

    Судењето за „Пуч“ закажано на 5-ти август

    Судењето за случајот „Пуч“ е закажано на 5-ти август, судијка е Љубинка Башеска. Четвртообвинет во овој случај е Зоран Заев, претседателот на СДСМ, кој што вчера изјави дека нема да почитува ниту еден повик за пристуност на судските рочишта.

  • Македонија 03.07.2015 12:27

    Легализирани 71% од дивоградбите во Општина Илинден

    Општина Илинден досега реши вкупно 4.285 предмети, или 71 % од пристигнатите 6.152 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Со ова Општина Илинден продолжува да биде водечка општина во државата во процесот на легализацијата на дивоградбите.

  • Македонија 03.07.2015 12:07

    Неизвесна лидерска средба

    Се уште неизвесно одржувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците која што беше најавена за денеска.

  • Македонија 03.07.2015 11:54

    Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД

    Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до американскиот претседател Барак Обама по повод Националниот празник на САД, 4 јули - Денот на независноста.

  • Македонија 03.07.2015 11:45

    Ограбена продавница во центарот на Скопје

    Од продавницата „Агровита­мак“ на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа во 22 и 30 часот украдени се 2.300 денари и околу 100 кутии разни марки цигари.

  • Македонија 03.07.2015 11:43

    Царината откри и заплени 326 литри шверцуван „Ред Бул“

    Во магацинските простории на две правни лица од Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги открија шверцувани 326 литри енергетски пијалак „Ред Бул“.

Pages