Жителите на Ињево во општина Радовиш добија прва аптека. Велат дека полесно ќе доаѓаат до лековите за кои досега оделе во Радовиш или соседното Конче. Бараат наскоро да добијат и амбуланта.
-
Македонија 22.05.2015 16:18
-
Македонија 22.05.2015 15:52
Матурантите играа „Квадрил“
Симболично поврзувајќи се со врсниците од повеќе европски земји, преку музика, танц и дружење, околу 800 матуранти од средните училишта од Скопје го одиграа танцот „Квадрил“ на звуците на штраусовата опера „Лјилјакот“.
-
Македонија 22.05.2015 14:57
Кофи: Смена на Владата не е можна преку улица
Грчкиот национализам и нивната дволичност во преговорите во спорот за името се главната причина за застојот во македонските интеграции и за денешните политички тензии – смета експертот на американската фондација Херитиџ, Лук Кофи.
-
Македонија 22.05.2015 14:51
Пресуда за насилните демонстранти- затворска и условни казни
Горан Митановски доби десет месеци затвор откако заедно со другите насилни демонстранти на 5-ти мај годинава на протестот пред Владата агресивно ја нападна полицијата. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд откако тој ја призна вината.
-
Македонија 22.05.2015 14:46
Метео
Викендот ќе ни донесе променливо облачно време со подолги сончеви периоди.
Утре се очекуваат слаби врнежи од дожд само во утринските часови, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево со умерена облачност и ветровито време.
-
Македонија 22.05.2015 14:01
Детски енергетски квиз - разумно користење на енергијата од мали нозе
60 деца од 12 основни училишта се натпреваруваа со стекнатите знаења за енергетската ефикасност. Целта е наученото за разумното користење на енергијата да го пренесат на своите врсници во средините во коишто живеат.
-
Македонија 22.05.2015 13:55
Спречен обид за нелегално изнесување на 37 илјади евра
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат спречија обид за нелегално изнесување на поголема сума девизи во државата.
-
Македонија 22.05.2015 13:22
Една затворска казна и 8 условни за насилните демонстранти од 5-ти мај
Една казна од 10 месеци затвор и 8 условни казни од по 3 месеци кои нема да се извршат ако во рок од 1 година не се повтори делото, ваква одлука е донесена во Кривичниот скопски суд по обвинението за лицата кои демонстрираа пред владата на 5-мај.
-
Македонија 22.05.2015 13:05
Дачиќ: Кризата во Македонија- проблем и за ОБСЕ
Политичката и безбедносната криза во Македонија е проблем и за ОБСЕ и за регионот – оценува шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, со став меѓународната заедница да сноси одговорност за кризата во Македонија која може да се реши со политичка воља.
-
Македонија 22.05.2015 12:49
Достапни цените за закуп и купопродажба на недвижности
За два месеца во регистарот на цени и закупнини на недвижностите се внесени 5 илјади трансакции. Најголем дел од нив се реализирани во Скопје. Од денес, преку ГИС порталот на Катастарот, започнува јавното објавување на сите купопродажби и закупи.










