НАТО направи грешка што не ја прими Македонија во полноправно членство во 2008-та година поради спорот со името. Ова неминовно доведе до дестабилизација на земјата, оцени експертот на фондацијата Херитиџ, Лук Кофи во Вашингтон.
-
Македонија 20.05.2015 11:09
-
Македонија 20.05.2015 10:22
Лавров побарал од Јагланд да ја посети Македонија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров побара од генералниот секретар на Советот на Европа, Торнборн Јагланд да ја посети Македонија поради, како што се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, зголемувањето на тензиите во земјава.
-
Македонија 20.05.2015 10:00
Разговорите меѓу ВМРО-ДПMНЕ и СДСМ во Стразбур траеа над десет часови
Околу содржината на разговорите кои се водеа меѓу ВМРО-ДПMНЕ и СДСМ со посредништво или олеснување од страна на европратениците Иво Вајгл, Едуар Кукан, Ричар Ховит и евопскиот комесар за соседска политика, Јоханес Хан, не произлезе ништо во јавноста.
-
Македонија 20.05.2015 08:26
Почнува одбележувањето на патронатот на УКИМ
Со вечерашниот концерт на академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе го почне одбележувањето на својот патронат 24 Мај и 66 години од основањето. -
Македонија 19.05.2015 17:28
Масовниот собир- предмет на анализа на светските и регионалните медиуми
Регионалните и светските медиуми со голем интерес за граѓанскиот собир. Информира и за пораките и за масовноста. „Заев нема да биде премиер - порача Груевски пред десетици илјади собрани граѓани“, објави БИ- БИ- СИ. Со идентични коментари одеа и Гардијан, Франс Прес, Раша Тудеј.
-
Македонија 19.05.2015 17:22
Груевски: Нема да дозволиме да нѐ скршат!
Нема повлекување, нема предавање! Ќе ја добиеме и оваа битка – порака од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски на собирот во Скопје. Рече дека секој што е за Македонија не ја посакува сегашната наметната состојба. -
Македонија 19.05.2015 17:13
Груевски и Заев на средба со европратеници во Стразбур
Средбата меѓу лидерите на двете најголеми макeдонски политички партии Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев на СДСМ, според информациите со кои располагаме ќе се случи вечерва после 18 часот.
-
Македонија 19.05.2015 17:07
Незадоволни струмичани поставија шатори пред Општина Струмица
Оставка и повлекување од политичка функција на градоначалникот Зоран Заев бараат незадоволни струмичани кои изутрината поставија шатори во малиот градски парк спроти општина Струмица.
-
Македонија 19.05.2015 15:54
„Семеен лекар- за здраво семејство“: Граѓаните задоволни од своите матични лекари
До шестата деценија, дури ни земањето на терапијата не се смета за обврска. Младите немаат време за рутински контроли, но затоа граѓаните од третата доба редовно ја проверуваат здравствената состојба, покажува искуството на семејните лекари, а и нашата анкета снимена во центарот на Скопје.
-
Македонија 19.05.2015 15:04
Орав: Политички дијалог за исполнување на ЕУ агендата
Меѓународната заедница бара ефикасен политички дијалог и разрешница на кризата во земјава. Евроамбасадорот Аиво Орав ги поздравува напорите на 4-те најголеми политички партии за изнаоѓање решение, бидејќи како што вели, тоа е единствениот пат кон Европската Унија.










