Седум годишниот Никола не стравува од астмата. Таа не му предизвикува проблеми во неговиот омилен спорт, пливањето. И денеска истрча 500 метри на кејот на Вардар.
„Веќе две години спортувам пливање“, вели малиот Никола.
Седум годишниот Никола не стравува од астмата. Таа не му предизвикува проблеми во неговиот омилен спорт, пливањето. И денеска истрча 500 метри на кејот на Вардар.
„Веќе две години спортувам пливање“, вели малиот Никола.
Стотина пензионери користат седумдневен бесплатен бањско- климатски рекреативен ангажман во Негорски бањи. Велат дека уживаат во природата, услугата, но и топлите води на овој капацитет.
За трикратното убиство во Кавадарци, велешкото обвинителство поднесе обвинение против Тони Станоев. Истрагата покажала дека на 9 ноември минатата година обвинетиот ги застрелал мајката, сестрата и таткото на неговата сопруга во нивниот дом.
Секоја од страните во случајот во својот ров. Ваква е состојбата во Исламската верска заедница (ИВЗ). Истомислениците на скопскиот муфтија распоредени во дворот пред седиштето со своедвиден притисок на вработените кои од вчера одбиваат да заминат од зградата.
Првата група од 180 холандски туристи со чартер лет допатува на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Гостите кои ја отворија летната сезона беа дочекани со воден мост во форма на виножито и традиционалната закуска од леб и сол.
Интерпол на својата веб-страница објави светска тревога поради диететскиот препарат што се користи и за зголемување на мускулната маса, а се вика „2,4 динитрофенол“ што го има и во Македонија.
На 67 годишна возраст денеска почина Љубомир Демирев – Демо, еден од дојаените на македонското новинарство. Целиот свој работен век го помина во Македонската радиотелевизија како новинар и уредник во инфромативната програма.
Сончевото и многу топло време продолжува и утре, кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста, а од четврток настапува промена на времето со постепено опаѓање на температурите.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска...
Пораки за единство, политички дијалог и надминување на тековните предизвици. Ова биле главните барања на амбасадорите на земјите-членки на Унијата кои ги соопштиле на појадокот со вицепремиерот Бесими.