Владејачката партија има убедлива предност пред СДСМ на последната анкета на Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон. Според ИРИ, ВМРО-ДПМНЕ води со 26% доверба на граѓаните наспроти опозициската партија која добила поддршка од 10% од анкетираните.
-
Македонија 26.02.2015 16:10
-
Македонија 26.02.2015 15:57
Нова опрема за транспорт на болни од инфективни заболувања
Македонскиот здравствен систем доби целосна опрема за транспорт на болни од ебола, сарс, колера и други инфективни заболувања.
Опремата е сместена во посебна просторија и за неа има посебен режим на чување.
-
Македонија 26.02.2015 15:14
Одбележани 11 години од смртта на претседателот Трајковски
Сончев ден, различен од тмурниот, дождлив кога пред единаесет години загина претседателот Борис Трајковски. Бројни делегации ја одбележаа годишнината од оваа трагична случка.
-
Македонија 26.02.2015 14:56
260 семејства од поплавените подрачја ќе добијат 10 милиони денари
260 семејства од поплавените подрачја во земјава ќе добијат парична помош. Над 10 милиони денари собрани во хуманитарната акција во наредниве денови ќе бидат распределени на најзагрозените. Комисиите ќе продолжат со проценката на штeтите.
-
Македонија 26.02.2015 13:07
Почнува исплатата на средства за санирање на штетите од поплавите
260 семејства од поплавените подрачја ќе добијат 10 милиони денари. Ова е првичната парична помош што ургетно ќе биде распределена во 12 општини.
По ова, најавија министрите Миле Јанакиески и Диме Спасов, ќе следуваат проценки за уништените земјоделски површини и за инфраструктурата.
-
Македонија 26.02.2015 12:41
МОН: Во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма
Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма, наменета за визитинг студенти – истражувачи и магистерски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2016 – 2017 година. -
Македонија 26.02.2015 12:32
3.000 новозаболени од грип во последнава недела
Повеќе од 3.300 новозаболени од грип во земјава се регистрирани само последната недела, што претставува зголемување на бројот на регистрирано во однос на минатата недела за 61 процент.
-
Македонија 26.02.2015 12:12
Охридската цреша и кашкавалот и сирењето од Бистра ќе станат заштитени брендови
Ориз, грав, ајвар, сирење, вино, мед и минерала вода се првите 18 заштитени производи со Законот за индустриска сопственост. Со новиот Закон за квалитетот на земјоделските производи, пак, брендирањето го прави Министерството за земјоделство.
-
Македонија 26.02.2015 10:14
Одгледувањето ноеви е исплатливо, потребна е посебна кланица
Отсуството на специјализирана кланица за ноеви е главната причина за изумирањето на оваа земјоделска гранка во Македонија, велат фармерите. Зоран Стоилов од подбеласичкото село Смоларе повеќе години за занимава со овој бизнис. Вели дека инвестицијата се враќа подоцна, но е исплатливо.
-
Македонија 26.02.2015 09:42
Собраниска седница за пратенички прашања
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 38-та седница на која на дневен ред се поставување пратенички прашања.Ова е втора седница за поставување пратенички прашања годинава.










