Згрозеност меѓу жителите на Шутка по информацијата дека двајца браќа 5 месеци во заложништво држеле три малолетни девојчиња и за пари ги терале на проституција. Браќата Андијас и Атилијан Реџепови се веќе во 30 дневен притвор.
-
Македонија 14.10.2014 17:20
-
Македонија 14.10.2014 17:01
Метео
Утре без значителна промена. Во раните утрински часови ќе има услови за краткотраен дожд во северо-западните делови од земјава, каде ќе преовладува променливо облачно време, а ќе биде магливо по котлините. Во текот на денот сончево со умерена облачност и релативно топло.
-
Македонија 14.10.2014 16:47
„Мој Термин“ со нов начин на упатувањето за хируршка интервенција
Нов начин на упатување за хируршка интервенција почна официјално да функционира во системот „Мој Термин“ со цел да се воведе електронска евиденција за хируршки интервенции.
-
Македонија 14.10.2014 16:26
Најкорумпирани лекарите и судиите, бобрата против корупцијата се засилува
Лекарите ги водат судиите кога станува збор за директна вклученост во корупцијата - покажува најновиот извештај на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Покрај поткупот граѓаните препознаваат и многу други облици на корупција.
-
Македонија 14.10.2014 16:14
Орав: Очекуваме брза разрешница за деблокирање на политичкиот дијалог
Очекуваме брза разрешница за деблокирање на дијалогот– порака од eвроамбасадорот Аиво Орав. Брисел ги нотираше поглавјата на коишто ќе треба да се фокусираме во наредниот период.
-
Македонија 14.10.2014 16:07
Аџиите се вратија, престојат редовни контроли и следење на здравствената состојба
И аџиите од полошкиот регион деновиве се вратија дома. Тие Курбан Бајрам го прославија во Медина, во Саудиска Арабија.
Претстојат редовни контроли и следење на здравствената состојба. Досега не се забележани симптоми на некоја заразна болест.
-
Македонија 14.10.2014 15:12
Инаугуриран прекураничниот биосферен резерват „Охрид-Преспа“
Регионот „Охрид-Преспа“ и официјалносевброипомеѓу 14-те Прекугранични биосферни резервати во светот. Со оваа нова форма на заштита на УНЕСКО се опфатени сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, со површина од над 446 хектари.
-
Македонија 14.10.2014 15:11
Прв саем за вработување: Работодавците и невработените лица на едно место
Компаниите ги отворија вратите за граѓаните, а тие уште од рано изутрина побрзаа да аплицираат за некои од работните позиции. Саемот за вработување на едно место ги собра работодавачите и невработените лица. Граѓаните од нив слушнаа какви можности им се нудат.
-
Македонија 14.10.2014 13:18
Полицијата приведе две лица кои принудувале три малолетни девојчина на проституција
Полицијата приведе две лица кои неколку месеци држеле три малолетни девојчиња затворени во куќа во скопската населба Шуто Оризари.
Макроата сексуално ги злоставувале девојчињата и секојдневно ги изнајмувале на клиенти.
-
Македонија 14.10.2014 11:37
Грејната сезона стартува утре- да се проверат радијаторите!
Утре стартува грејната сезона. Дистрибутерите на топлинска енергија ги повикуваат граѓаните да ги проверат инсталациите за парно, бидејќи во просек годишно меѓу 300 и 400 семејства грејната сезона ја дочекуваат со поплава во нивните домови.










