Изутрина избувна голем пожар во трговскиот центар во Штип. Во пожарот изгореле импровизираните тезги со картонска конструкција што се наоѓаат во холот.
Пламенот се подигнал и до кровната конструкција каде се евидентни оштетувања.
Изутрина избувна голем пожар во трговскиот центар во Штип. Во пожарот изгореле импровизираните тезги со картонска конструкција што се наоѓаат во холот.
Пламенот се подигнал и до кровната конструкција каде се евидентни оштетувања.
На телефонската линија за медицински совети за граѓаните 15123 во текот на изминатиов викенд имало вкупно 172 повика.
Сите граѓани добиле соодветна здравствена услуга преку здравствен совет, а на оние граѓани на кои им било потребно и соодветна симптоматска терапија.
Просветните работници нема да штрајкуваат. Ваква одлука донел Советот на СОНК по средбата со министерот за образование. Поинтензивни преговори и нивна завршница во позитивна насока до крајот на годината, е еден од заклучоците.
Нема да ти се урне дивоградбата ако ми дадеш 1000 евра. Поткуп побарал шефот на правниците од општина Куманово Виктор Божиновски.
Државната комисија не е селективна во своето постапување, има предмети и против оние што се на власт и против оние што се во опозиција, вели Ѓорѓи Сламков, претседател на државната комисја за спречување корупција во интервјуто за радиото „Слободна Македонија“.
Дваесет годишната Александра Славкоска од Прилеп е првата девојка во Македонија која е обучена за спасување во пештери. За да куриозитетот биде поголем, само 10 луѓе во Македонија го имаат поминато овој тренинг.
Со предложените измени на Законот за угостителска дејност тој само се допрецизира за да се избегнат слободните толкувања, иако и сега во него јасно се кажува дека физички лица не можат да издаваат станови, соби и апартмани на туристи во колективни стамбени згради, велат од Хотелската Асоцијација
Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до припадниците на Бошњачката заедница во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
Првиот ден од новата работна седмица ќе ни донесе сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност и слаб североисточен ветер.Во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.Какви температури не очекуваат во наредните денови?
Има пари во Буџетот за повисоки плати на администрацијата. Со октомвриската исплата следува зголемување од 4%. Следната година ќе донесе и повисоки пензии и повеќе пари за најранливите категории граѓани, рече премиерот Груевски во отчетното обраќање.