Има пари во Буџетот за повисоки плати на администрацијата. Со октомвриската исплата следува зголемување од 4%. Следната година ќе донесе и повисоки пензии и повеќе пари за најранливите категории граѓани, рече премиерот Груевски во отчетното обраќање.
-
Македонија 27.09.2014 19:33
-
Македонија 27.09.2014 18:23
СОНК нема поддршка за штрајк
Министерството за образование и наука го повика раководството на СОНК на преговори за актуелните состојби во образованието, наспроти најавениот штрајк на синдикална организација.
-
Македонија 27.09.2014 18:13
Прилеп домаќин на светската елита во болдеринг
Прилеп дефинитивно станува центар за развој на екстремните спортови во регионот. После Источно европското првенство во мотокрос, деновиве во Прилеп се присутни неколку стотини болдеристи од целиот свет, учесници на „Петзел купот“.
-
Македонија 27.09.2014 18:09
Уапсен висок функционер во општина Куманово
Корупциска афера во општина Куманово. Уапсен висок функционер во општината. Осомничен е за земање поткуп од странка. Одделот за организиран криминал акцијата ја реализирал по пријавен случај, примање награда за противзаконито влијание. Осомничен е раководител на правен сектор во општината.
-
Македонија 27.09.2014 17:30
Охрид ќе добие современа марина
Охрид ќе добие современа марина по сите светски стандарди. Тоа е договорено помеѓу министерствата за транспорт и врски и за одбрана, охридската локална самоуправа и охридската капетанија.
-
Македонија 27.09.2014 17:11
Современите лабаратории ја зголемија конкурентноста на високообразовните институции
Со 1, 6 милијарди денари државата најсовремено опреми 80 лаборатории на високообразовните институции. Години наназад универзитетите ја немаа оваа можност, а компаниите овие услуги ги добивале во странство по многу високи цени.
-
Македонија 27.09.2014 16:35
Метео
Втората половина од викендот ќе ни донесе сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со пониска утринска и повисока дневна температура.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 27.09.2014 16:33
Се зголемува употребата на антибиотици од граѓаните
Употребата на антибиотици во Македонија се зголемува. Граѓаните се почесто ги употребуваат. И кога треба и кога не треба. Од матичните лекари ги бараат и како превентива. Дури се и пребирливи во нивниот избор.
-
Македонија 27.09.2014 16:13
Владата со директна помош за најпогодените сточари од син јазик
Владата со сет мерки, за да се спречи ширењето на болеста син јазик. Се одвојуваат 18 милиони денари за прскање и вршење дезинсекција на шталите.
-
Македонија 27.09.2014 16:02
Министерството за образование го повика СОНК на преговори
Министерството за образование го повика на преговори раководството на СОНК утре во 11 часот.










