Гори на неколку локации во државата. Осум пожари на отворен простор-регистрираат надлежните. Најкритично и натаму во ловиштето Јасен.
Известува Ана Јосифоска.
Гори на неколку локации во државата. Осум пожари на отворен простор-регистрираат надлежните. Најкритично и натаму во ловиштето Јасен.
Известува Ана Јосифоска.
Армијата го слави 33-от роденден, три децении исполнети храброст, решителност посветеност во служба на државата. Централната прослава се одржа во Штип.
Здружението на инженери поднесе иницијатива до Уставниот суд за укинување на членот 31 од правилата за снабдување со електрична енергија и за преиспитување на делови од член 185 од новиот Закон за енергетика.
УХМР најавува дека утре ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури.
Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата.
Централната свеченост се одржува во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј Планина“, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда
Со само два потписа, од двајца избирачи, независните кандидати ќе може да влезат во трката на претстојните локални избори. Ваквата одлука ја донесе Државната изборна комисија по неуспешниот обид на народните избраници да ги изгласаат измените на Изборниот законик.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи во земјава има 4 активни пожари. Во текот на вчерашниот ден низ државата евидентирани вкупно 26 на отворен простор. Од нив, 21 се изгаснати, еден е под контрола, а четири сè уште се активни.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m2) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.