Македонската армија го слави својот 33-ти роденден. Речиси пет и пол години и како оружена сила на земја-членка на НАТО, гарант на безбедноста и интегритетот на државата. Централната свеченост ќе се одржи во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
-
Македонија 18.08.2025 08:12
-
Македонија 17.08.2025 17:37
Уапсени возачи под дејство на алкохол
Министерството за внатрешни работи информира дека се лишени од слобода возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, кои возеле под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни несреќи.
-
Македонија 17.08.2025 16:26
Битка со огнената стихија, критично кај „Јасен“
Продолжува битка со пожарот кај „Јасен“. Огнените јазици веќе неколку дена голтаат шума, се гасне од небо и од земја. Се користат ер тракторите, ангажирани се специјалците.
-
Македонија 17.08.2025 15:52
Сè уште неизвесен настапот на независните на локалните избори
Откако пропадна и вториот обид да се донесат измените во Изборниот законик за да се регулира законски начинот на учество на независните на локалните избори, се чека ДИК да пресече.
-
Македонија 17.08.2025 14:49
Граѓаните се борат со променливото време, Итната медицинска помош со зголемен обем на работа
Вртоглавици, главоболки, депресија, несоница… Граѓаните се борат со променливото време. Итната медицинска помош со зголемени обем на работа, особено во ноќните часови. Докторите велат-има интервенции и кај мозочни удари и проблеми со кардиоваскуларниот систем. Не се поштедени ниту младите.
-
Македонија 17.08.2025 13:58
Сезоната трае, сè уште редици на граничните премини
Летните одмори сè уште траат, а со нив и редиците на граничните премини. На граничниот премин „Табановце“ на македонско-српската граница секојдневно сè уште голем проток на патници. Но, за разлика од изминатите седмици, сега расте метежот на излегување од државата.
-
Македонија 17.08.2025 12:54
Зголемена е потребата од крвни единици во болниците
Летото е период кога здравствените установи се соочуваат со недостиг на крвни единици. Се намалува активноста на редовните крводарители, а потребите од крв овој период се зголемени.
-
Македонија 17.08.2025 12:05
Дихово на мапата на топ 10 европски рурални дестинации
Битолчанката Матеа е дипломиран софтверски инженер. Таа е редок пример на млада успешна личност којашто сака да работи и рурален туризам како поддршка на семејниот бизнис.
-
Македонија 17.08.2025 11:33
Млада жена се обидела да ја убие бабата на сопругот, поведена истрага
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
-
Македонија 17.08.2025 10:27
27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).









