Куманово е еден од градовите кој бележи послаб опфат со вакцинација. За МРП вакцината имунизацијата изнесуваше само 40 отсто. Но, по состојбата со појавата на пертусис и зајакнатите контроли на надлежните, здравствените работници укажуваат дека состојбата е подобрена.
-
Македонија 26.06.2025 13:24
-
Македонија 26.06.2025 13:23
Неизвесни измените на Изборниот законик
На четири месеци пред локалните избори пратениците копјата ги кршат околу измените на изборниот законик, за кои не може да се обезбеди Бадентерово мнозинство. Помалите партии се жалат дека поголемите сакаат да ги исфрлат од игра.
-
Македонија 26.06.2025 12:59
19-годишно момче од Македонија го загуби животот во Грција
19-годишно момче, македонски државјанин го загуби животот во Грција, а причината била срцев удар додека бил во вода. Спасувачи веднаш го извлекле надвор, но не успеале да го оживеат.
-
Македонија 26.06.2025 11:25
Африканскиот топлотен бран го достигнува својот максимум
Африканскиот топлотен бран кој неделава ја зафати земјава, го достигнува својот максимум. Денеска се очекува живата во термометарот да се искачи до 41-от степен, а УВ зрачењето ќе биде на највисоко ниво.
-
Македонија 26.06.2025 10:02
Поднесено обвинение за таткото што при семејно насилство ја повреди својата 4-годишна ќерка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
-
Македонија 26.06.2025 09:19
Тркалезна маса во МАНУ „Геополитичкиот пејзаж и проширувањето на ЕУ“
Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите, ЕЦПД Регионалниот институт за развојни студии (РИДС) Скопје при Универзитетот за мир основан од ООН и Дипломатскиот клуб – Скопје денеска во МАНУ организираат тркалезна маса на тема „Геополити
-
Македонија 26.06.2025 09:15
Заменик- министерката Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“
Заменик-министерката за европски прашања и заменик-главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков ќе учествува на Летната школа „ЕУ политики, проширување и реформи“ која ќе се одржи од 24-27 јуни во Будва.
-
Македонија 26.06.2025 08:50
Во Собранието седница за пратенички прашања
Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 57. седница со единствена точка на дневен ред поставување на пратенички прашања.
Вообичаено, вакви пленарни седници се одржуваат секој последен четврток во месецот.
-
Македонија 26.06.2025 08:19
Сончево и многу топло, со температури до 41 степен
Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови се очекува појава на изолирана нестабилност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 25.06.2025 21:14
„Заштити се од џебни кражби“, превентивна активност на СВР Охрид
Отсекот за превенција при СВР Охрид интензивно спроведува превентивно едукативни активности со цел заштита на граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти.










