Запуштен простор во Ново Лисиче, во близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“, ќе биде претворен во нова зелена површина со парк на 71.000 квадратни метри.
-
Македонија 11.09.2026 15:27
-
Македонија 11.09.2026 14:30
Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија
Обновен е просторот за неврофизиологија при Универзитетската клиника за неврологија, со површина од над 800 квадратни метри. Просторот е целосно реновиран, а амбулантите, кабинетите и стационарот се опремени со нова медицинска опрема и систем за климатизација.
-
Македонија 11.09.2026 14:26
Советот на јавните обвинители формираше две комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК
Советот на јавните обвинители формираше две комисии кои ќе го организираат и спроведат изборниот процес за нов шеф на ОЈО ГОКК.
-
Македонија 11.09.2026 14:09
Роботска хирургија во јавното здравство
Роботската хирургија влегува во ортопедијата во јавното здравство. Во охридската специјализирана болница „Св. Еразмо“ за првпат се изведени роботски навигирани операции за поставување тотална ендопротеза на колено.
-
Македонија 11.09.2026 13:42
Поднесена кривична пријава за убиство во Скопје
По преземени мерки и активности, Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.
-
Македонија 11.09.2026 13:36
Телефоните го загрозуваат видот на децата
Телефонот сè поблиску до очите, тетратката до лицето, а погледот сè почесто заматен. За едно прваче можеби мала работа, но за офталмолозите знак дека видот треба да се провери. Скринингот на 800 првачиња во Куманово, покажа дека значителен број деца имаат проблеми со видот.
-
Македонија 11.09.2026 12:51
Царинските управи на Македонија и Хрватска потпишаа Меморандум за соработка
Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорот на Царинска управа на Република Хрватска, Марио Демировиќ, потпишаа Меморандум за соработка со којшто двете институции ја зајакнуваат меѓуинституционалната соработка.
-
Македонија 11.09.2026 12:39
Во тек голема акција на МВР - претреси на повеќе локации
МВР денеска спроведува координирана акција, којашто опфаќа претреси на повеќе локации. Станува збор за случајот, поврзан со сомнежите за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц и Д категорија.
-
Македонија 11.09.2026 12:34
Пожар во трговски објект во Шуто Оризари, опожарени над 20 дуќани
Над 20 дуќани со текстилна и друга стока се опожарени во голем пожар што избувна ноќеска во трговски објект на улицата „Индира Ганди“ во скопската Општина Шуто Оризари. Повредени лица нема, но причинета е голема материјална штета.
-
Македонија 11.09.2026 10:27
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.И.(53) од Куманово, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.










