Селекцијата на Германија ја совлада Франција со 3 : 0 во сетови, по што го освои бронзениот медал на С П во одбојка. Германците го одиграа најдобриот натпревар кога беше најпотребно и во голем стил го освоија својот прв трофеј на мундијалите.
Останати спортови
Блог вести
-
Останати спортови 21.09.2014 19:02
-
Останати спортови 21.09.2014 15:22
Бразил – Полска за златниот медал, Франција – Германија во утешното финале, со преноси на МРТ
Големото финале на 18 одбојкарски мундијал е приказна за себе. Од една страна Бразил со историска шанса да стане првата селекција со 4 едноподруго светски титули, од друга домаќинот со амбиции по пауза од 4 децении да ја врати светската круна во Полска.
-
Останати спортови 21.09.2014 00:05
Полска преку Германија обезбеди меч за титулата против Бразил
Во второто полуфинале на 18 С П во одбојка, репрезентацијата на Полска ја совлада Германија со 3 : 1.
-
Останати спортови 20.09.2014 19:56
Бразил по петти пат во мундијалско финале
Атомска полуфинална одбојка, нијансите беа жолтеникави, Бразил по петти пат е во мундијалско финале. Кариоките ја совладаа Франција со 3-2 и се во ситуација да ја одбраната титулата и да бидат први во историјата со четири шампионски трофеи во серија.
-
Останати спортови 20.09.2014 16:44
Полуфинални мундијалски возбудувања!
Триколорите играат одлично на својот 15-ти мундијал, остварија девет победи и само два пораза и тоа во по пет сета, но сепак ќе ја имаат најтешката полуфинална обврска, затоа што ќе треба од тронот да го симнат шампионот Бразил.
-
Останати спортови 19.09.2014 14:05
Бразил против Европа во одбрана на титулата
Мундијалскиот одбојкарски маратон влезе во последниот круг. Во трката за медалите останаа Бразил, Полска, Франција и Германија. Бразилците, против три европски селекции во одбрана на титулата. Се смени светската одбојкарска карта во однос на шампионатот од пред четири години.
-
Останати спортови 19.09.2014 14:02
И Полска и Франција во полуфиналето!
Полска – Германија и Франција - Бразил се полуфиналните средби на одбојкарскиот мундијал. Полјаците освоија два сета и бод, по што им дозволија на Русите да освојат два, па да ги елиминираат конечно со 3:2, истото го стори и Франција против Иран.
-
Останати спортови 18.09.2014 15:11
Мега дуели и во последното коло по групи, во Полска
На Полјаците им треба максимална победа со 3 бода, истото го сонуваат и Иранците, но се прашуваат и Русите, односно Французите. -
Останати спортови 17.09.2014 22:38
Бразилците секогаш сами решаваат за својата судбина
Со победата од 3:0 против Русија, чиста како солза и двоен реванш за поразот во последното олимписко финале, Кариоките се првиот полуфиналист на 18-от машки одбојкарски мундијал. -
Останати спортови 16.09.2014 14:59
Медитеранското првенство, нова успешна страница за македонското карате
По петте освоени медали од Медитеранското првенство во Бар, македонската делегација се врати во земјава.








