Спорт

  • Биљалетдинов сменет, Знарок пред пред промоција

    Стратегот Зинетула Биљалетдинов ја плати цената за дебаклот на хокејарската репрезентација на Русија, којашто беше елиминирана во четвртфиналето на ЗОИ во Сочи. Иако по срамниот неуспех тој побарал да остане на селекторската функција, руската хокејарска федерација не му го продолжи договорот.

  • И Македонија на атлетско светско во сала

    15-то издание на Светскиот атлетски шампионат ќе се случи викендов во Сопот, Полска.

  • Формула 1 06.03.2014 11:58

    Не можат без Ф1

    Не се веќе во болидите, но барем да бидат крај патеката. Плејада врвни поранешни возачи во формула 1 секојдневно се ангажирани од моќните телевизиски компании за соработка при преносите од формула 1 шампионатот.
  • Фудбал 06.03.2014 11:53

    Шпанија подобра од Италија, победија и Украина и Словачка

    Шпанија славеше во класиката со Италија со 1:0. На „Висенте Калдерон„ пред 35 илјади навивачи „црвената фурија“ беше подобра и победи со голот на Педро во 63-тата минута. За Шпанија дебитираше и цел натпревар го одигра Бразилецот Диего Коста.

  • Фудбал 06.03.2014 11:12

    Рекордна португалска 49-тка за Роналдо

    Од петте гола на Португалија на синоќешниот пријателски натпревар со Камерун, двата на Кристијано Роналдо го одведоа во националната фудбалска истријата.

    Во 110-тото истрчување во дресот на својата Португалија, Кристијано го изброја веќе 49 прецен погодок во најразлични мрежи.

  • Кошарка 06.03.2014 10:54

    Продолжуваат пресметките во кошаркарската Евролига

    Во кошаркарската Евролига се играат 4 натпревари од 9 коло во Топ 16 фазата, по два во двете групи. Во “Е“ групата Олимпијакос го пречекува Емпорио Армани, каде што актуелниот европски првак мора да победи, за да ги зголеми шансите за пласман во завршницата.

  • Ракомет 06.03.2014 10:21

    Денеска повторно СЕХА доживувањe

    Вечерва го чекаме резултатот на нашиот ракометен шампион Вардар (18.00ч) од гостувањето кај Ловќен.

  • Кошарка 06.03.2014 10:19

    Антиќ се врати, Атланта со нов пораз

    Македонскиот интернационалец одигра 16 минути од клупата, во враќањето на терените по повредата. Портланд славеше со 102:78 што е четвртиот пораз во низа, односно 12-тиот во последните 14 натпревари за Атланта.
  • Фудбал 05.03.2014 21:52

    Чесен, ама сепак пораз на Македонија од Португалија

    Иако му пружи солиден отпор на големиот фаворит и одигра добро прво полувреме, сепак репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година беше поразена на гостувањето кај Португалија со 2:0 во квалификациите за Европското првенство наредната година.

  • Фудбал 05.03.2014 21:34

    Победа на Македонија за самодоверба и за успешен старт на Ѓуровски

    Во дебито на селекторот Бошко Ѓуровски, македонската фудбалска репрезентација беше подобра и ја совлада Летонија со 2:1 во пријателски натпревар пред околу 2000 гледачи на Националната Арена Филип Втори во Скопје.

Pages