Спорт

  • Кошарка 22.01.2014 20:06

    Куманово преслаб за Приштина

    На кошаркарите на Куманово не им одговара Приштина. Кумановци вторпат сезонава се поразени во дуелите со Сигал Приштина, овој пат на гостински терен, со 75:60. Домашните го наметнаа својот препознатлив ритам од стартот и го контролираа натпреварот до крајот.

  • Ракомет 22.01.2014 18:26

    Пораз за 10-то место

    Македонската ракометна репрезентација загуби од Шпанија со 33:22 на последниот натпревар на Европското првенство во Данска и е 10-та во конечното рангирање меѓу 16-те репрезентации на шампионатот.

  • Ракомет 22.01.2014 18:25

    Може да бидеме задоволни

    Според најдобриот играч во македонската селекција на натпреварот со Шпанија Филип Миркуловски, поразот од 11 голови разлика не ги отсликува реално настаните на теренот, но и дека високата разлика на Шпанците сепак е направена по наши грешки во второто полувреме

  • Ракомет 22.01.2014 14:55

    Начевски и Николов на Русија - Белорусија

    Не само со репрезентацијата, нашата земја на Европското првенство во Данска е претставена и со судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

  • Ракомет 22.01.2014 14:50

    Денеска на ЕП

    Последен ден од натпреварите по групи на 11-тото Европско првенство во Данска. Во М2 групата натпреварувачкиот ден ќе го отворат селекциите на Македонија и Шпанија од 16 часот, а потоа ќе играат Австрија - Унгарија и Данска - Исланд.

     

    1. Данска                    8

  • Ракомет 22.01.2014 14:49

    Со кој тим против Шпанија?

    Со натпреварот против светскиот првак Шпанија денеска од 16 часот во Хернинг, македонската ракометна репрезентација го завршува настапот на Европското првенство во Данска.

  • Тенис 22.01.2014 14:25

    Нема ниту кај дамите одбрана на тронот, Азаренка надвор од игра

    Едно е јасно на првиот тениски грен слем Австралискиот, повоторување на трета односно четвртата година со ред на исти шампиони нема да има.

  • Екипно натпреварување и во уметничко лизгање

    Почнувајќи од Сочи, нова страница во олимписката историја ќе почне да испишува и спортот којшто во минатото го карактеризирала многу драма, но само во поединечна или во конкуренција на двојки. Отсега натаму и уметничкото лизгање ќе понуди завидна доза на екипна привлечност.

  • Фудбал 22.01.2014 12:51

    Куритиба останува без СП?

    Ја губи ли Куритиба, еден од 12-те градови за претстојниот фудбалски Мундијал трката со времето? ФИФА е се повеќе загрижена поради состојбата на „Арена да Баиксада“.На градежните работи на овој стадион со капацитет од 28 413 места,сеуште не им се гледа крајот.

  • Кошарка 22.01.2014 12:46

    Бруклин ја продолжи серијата, Мајами се врати на победа

    Кошаркарите на Бруклин ја остварија третата победа во низа, а осма во серија, по победата против Орландо со 101:90. Одново успехот беше плод на тимската игра, при што во составот на Бруклин, сите единаесемина кои влегоа во игра, се запишаа меѓу стрелците.

Pages