Нова серија доверливи документи откриена во гаражата во Вилмингтон, Делавер во домот на американскиот претседател Бајден. Челникот на Белата куќа тврди – материјалите веднаш ќе бидат предадени во Министерството за правда.
-
Свет 12.01.2023 18:38
-
Свет 12.01.2023 18:10
Потврдени случаи на „Кракен“ во Грција
Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“.
Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
-
Свет 12.01.2023 14:41
Пронајдени нови доверливи документи на Бајден
Соработниците на американскиот претседател Бајден открија нова серија доверливи документи на втора локација за која не се дадени повеќе детали.
-
Свет 12.01.2023 12:43
Остин: Се сомневам дека Кина ќе го нападне Тајван
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сериозно се сомнева дека зголемената воена активност на Кина во регионот на Тајванскиот теснец е знак за неизбежна инвазија врз островот од страна на Пекинг.
-
Свет 12.01.2023 12:41
Откриена втора серија тајни документи
Помошниците на американскиот претседател Бајден открија втора серија доверливи документи надвор од Вашингтон во канцеларијата која Бајден ја користел по напуштањето на администрацијата на поранешниот претседател Обама. Прес-секретарот на Белата куќа се соочи со низа новинарски прашања.
-
Свет 12.01.2023 12:28
Повеќемина загинати, доаѓа уште поголемо невреме
Обилните врнежи од дожд во голем дел од американската сојузна држава Калифорнија претвори цели населби во езера и поплави бројни згради.
Загинаа најмалку 17 луѓе. Моќното невреме предизвика силен ветер, дожд и снег, поплави и лизгање на земјиште.
-
Свет 12.01.2023 12:09
Расте загриженоста од ширење на Ковид-19
Се чини дека плановите на кинеските граѓани претстојните празници да ги поминат во своите родни места би можеле да пропаднат, бидејќи СЗО предупредува од повторно разгорување на пандемијата.
-
Свет 12.01.2023 12:08
Можни масовни напади во Украина
Во Соледар се води најжестоката битка од почетокот на војната во Украина. Москва објави дека освоила голем дел и од соседниот град Бахмут. Властите на Киев ја опишаа состојбата како многу тешка и најавија дека испраќаат засилување во надеж дека ќе си ги вратат загубените територии.
-
Свет 12.01.2023 11:52
Шоле во Белград, француско-германскиот план за Косово една од темите на разговорите со српските власти
Советникот во американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле, ја продолжува посетата на Западен Балкан со разговори во Белград со највисоките претставници на српските власти. Предвидени се средби со српскиот претседател Вучиќ, премиерката Брнабиќ и шефот на српската дипломатија Дачиќ.
-
Свет 12.01.2023 09:55
Продолжува чистката на Путин
Нов врховен командант на руските сили е Валериј Герасимов кој досега ја извршуваше функцијата началник на руските вооружени сили. Тој доаѓа на местото на Сергеј Суровикин, кој ги надгледуваше бруталните напади на Москва врз енергетската инфраструктура на Украина.










