• Свет 28.03.2023 23:07

    Две жртви во напад со нож во Лисабон

    Две жени се убиени и четири ранети во напад со нож во центарот на Исмаили заедницата во Лисабон, Португалија.

  • Свет 28.03.2023 22:53

    Снежна бура и ниски температури во Романија

    Студеното време во регионот предизвика снежни врнежи во Централна и во Северна Романија, каде што температурата падна под нула целзиусови степени. Во некои од областите, снежната бура создаде вистински хаос.

  • Свет 28.03.2023 12:43

    Во Украина пристигнаа ветените британски и германски тенкови

    Германска, британска и американска воена помош пристигнаа во Украина. Првата пратка од 18 германски тенкови „Леопард 2“, 40 пешадиски борбени возила „Мардер“, британските тенкови „Челинџер“ и оклопните возила „Кугар“ и „Страјкер“ од САД ќе ја постигнат решавачката разлика на фронтот.

  • Свет 28.03.2023 12:05

    Судската реформа одложена, протестите продолжуваат

    Протестите во Израел продолжуваат сè додека не биде запрено усвојувањето на „Законот за диктатура“ – најавија организаторите, откако премиерот Нетанјаху изјави дека ќе го одложи усвојувањето на законот до јули за да избегне граѓанска војна.

  • Свет 28.03.2023 11:23

    Амнести Интернешенел: Одговорот на Западот кон Украина открива „двојни стандарди“

    Глобалниот бес поради руската инвазија на Украина минатата година само ги разоткри „двојните стандарди“ на Западот кон кршењето на човековите права ширум светот, соопшти денеска „Амнести Интернешенел“.

  • Свет 28.03.2023 10:59

    Продолжуваат протестите против пензиските реформи во Франција

    Нови штрајкови и протести ширум Франција против пензиските реформи на Макрон. Полицијата предупредува дека постои сериозен ризик од ново насилство на улиците. Распоредени се околу 13.000 полицајци. Возовите и летовите ќе бидат во прекин, а дел од училишта ќе бидат затворени.

  • Свет 28.03.2023 09:54

    Инцидентот од Нешвил детално испланиран

    Поранешната ученичка, која во училиштето уби шест луѓе детално го испланирала нападот. 28-годишната Одри Хејл е напаѓачката, која усмрти три 9-годишии деца и тројца возрасни во приватното христијанско училиште во Нешвил, Тенеси.

  • Свет 28.03.2023 09:54

    Руски дронови го нападнаа Киев, леталата соборени

    Украинската противвоздушна одбрана тврди дека успеала да собори 12 руски дронови во близина на Киев. Остатоците од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина во нестанбена зграда. Според прелиминарните извештаи, нема жртви.

  • Свет 28.03.2023 09:53

    Во Бразил тинејџер со нож уби наставничка, петмина повредени

    13-годишен ученик од основно училиште во бразилскиот град Сао Пауло со нож ги нападнал своите наставници, при што убил една 71-годишна наставничка и повредил уште петмина, од кои двајца се ученици.

    Осомничениот е приведен и е под истрага.

     

     

  • Свет 28.03.2023 09:49

    Израел: Постигнат договор, судската реформа одложена

    Израелската полиција употреби шок бомби и водени топови за да ги растера демонстрантите во Тел Авив за време на протестите против судските реформи, коишто ја предизвикаа најтешката домашна криза во земјата во последните години.

Pages