Европскиот парламент вчера ја почна процедурата за одземање на имунитетот на двајца пратеници кои се под истрага за наводна корупција поврзана со работите на ЕУ и Катар.
-
Свет 03.01.2023 10:11
-
Свет 03.01.2023 10:05
Тинејџер во Њујорк обвинет за обид за убиство
На новогодишната ноќ тинејџерот кој нападна тројца полицајци со мачета во близина на Тајмс Сквер во Њујорк е обвинет за обид за убиство и напад со ладно оружје, соопшти њујоршката полиција.
-
Свет 03.01.2023 09:58
Расте бројот на заразени од Ковид-19 во Кина
Кинеските власти треба да споделат повеќе информации за инфекцијата со коронавирус, бидејќи бројот на заразени се зголемува, објави Светската здравствена организација.
-
Свет 03.01.2023 09:45
Продолжуваат жестоките руски напади врз Украина
Русија планира напади со дроновите Шахед со цел да ја исцрпи украинската армија, тврди претседателот Зеленски.
-
Свет 02.01.2023 21:32
ЕП ќе го одземе имунитетот на двајца пратеници вмешани во корупцискиот скандал
Европскиот парламент објави во понеделникот дека ја започнал процедурата за укинување на имунитетот на двајца пратеници, по барање на белгиското правосудство коешто го истражува корупцискиот скандал на Европската унија и Катар.
-
Свет 02.01.2023 14:14
Судир на хеликоптери, четворица мртви
Четири лица загинаа во судир на два хеликоптера во близина на Златниот брег во Квисленд, Австралија. Девет патници, пак, се повредени, од нив тројца се во критична состојба.
-
Свет 02.01.2023 12:54
Критичната инфраструктура цел на руските напади
Русија е насочена кон критичната инфраструктура на Украина во серија напади со беспилотни летала врз Киев и регионот околу него, изјавија украинските власти. Градоначалникот на Киев Кличко соопшти дека млад човек е повреден во експлозија во областа Киев и дека сите служби се на терен.
-
Свет 02.01.2023 10:09
Силен земјотрес во Грција, нема информации за жртви
Земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер го погоди грчкиот регион Месинија, југозападниот дел на Пелопонез.
Епицентарот бил во морето на 46 километри јужно од Метони, на длабочина од 18.
Нема извештаи за материјална штета или евентуални жртви.
-
Свет 02.01.2023 10:08
Најмалку 14 мртви во напад на затвор
Најмалку 14 лица, од кои десет чувари, се убиени во напад на затвор во Сиудад Хуарез на границата со САД, соопштија локалните власти. Најмалку 24 затвореници избегале, а четири лица се повредени.
-
Свет 02.01.2023 10:08
Сеул му се закани на Јонг-Ун со „пад на режимот“
Јужнокорејското Министерство за одбрана предупреди дека секој обид на северна Кореја да употреби нуклеарно оружје ќе доведе до „пад на режимот“ во Пјонгјанг.










