• Свет 30.12.2022 10:32

    Киев нападнат со дронови

    Гувернерот на киевската област Олексиј Кулеба изјави дека е во тек напад со беспилотно летало. Се слушале експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев.

  • Свет 29.12.2022 20:37

    Почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле

    Легендата на бразилскиот и светскиот фудбал Пеле, почина на 82-годишна возраст, по тешка борба со болеста. Неговото тело престана да реагира на терапии, а од 29-ти ноември беше во болницата „Алберт Ајнштајн“, во Сао Паоло.

  • Свет 29.12.2022 18:15

    Италија воведува задолжително тестирање на патниците кои пристигнуваат од Кина

    Италија воведува задолжително тестирање на патниците кои пристигнуваат од Кина. САД, Јапонија, Индија и Тајван претходно најавија слични мерки.

  • Свет 29.12.2022 18:10

    Со 120 руски проектили нападнати неколку украински градови, вклучително и Киев

    Воздушна тревога ширум Украина поради нов, голем бран руски ракетни напади. Украинските власти тврдат дека биле нападнати со 120 проектили. Експлозии се регистрирани во Киев, Харков, Одеса, Лавов, Житомир. Има повредени, меѓу нив и 14-годишно девојче.

  • Свет 29.12.2022 17:35

    Се намалуваат тензиите на северот на Косово

    Се отстрануваат барикадите на северот на Косово. Укината и наредбата за зголемена борбена готовност на српската војска. Косовските Срби ги прифатија повиците од САД и ЕУ за смирување на тензиите.

  • Свет 29.12.2022 12:46

    Бран руски ракетни напади во Украина

    Воздушна тревога ширум Украина поради нов голем бран руски ракетни напади. Украинските власти тврдат дека биле нападнати со 120 проектили, иако некои ракети биле пресретнати. Експлозии се регистрирани во Киев, Харков, Одеса, Лавов, Житомир. Има повредени, меѓу кои и 14 годишно девојче.

  • Свет 29.12.2022 11:53

    Се отстрануваат барикадите на Мердаре

    Косовските Срби се согласија да ги отстранат барикадите, прифаќајќи ги повиците од САД и Европската Унија за смирување на тензиите. Српскиот претседател Вучиќ, кажа дека процесот веројатно ќе трае подолго.

  • Свет 29.12.2022 10:04

    Пожар во хотел, има жртви

    Жртви во пожар во казино хотел во Камбоџа. Над 30 лица се повредени. Сè уште е непозната причината за пожарот.

    Во последните месеци во југоисточна Азија избија неколку смртоносни пожари во ноќни клубови, кои главно не ги почитуваат безбедносните прописи.

  • Свет 29.12.2022 09:59

    Ганц: Можен напад врз нуклеарките на Иран

    „Можеби за 2-3 години ќе треба да летате во правец кон исток и да учествувате во напад врз нуклеарките на Иран“, изјави израелскиот министер за одбрана Бени Ганц во говорот на промовирањето на кадетите на военото воздухопловство

  • Свет 29.12.2022 09:50

    Воздушна опасност во делови од Украина

    Воздушна опасност во Киев, и во јужните делови на Херсон и Николаев. Досега не се пријавени загинати или повредени. Претседателот Володимир Зеленски во годишниот говор пред Врховната Рада рече дека Украина е признаена во светот за нејзиното единство и храброст во лицето на руската инвазија.

Pages