Два американски борбени авиони пресретнале четири руски воени авиони во близина на Алјаска, соопшти Командата за воздушна одбрана на Северна Америка. Според НОРАД, во понеделникот биле забележани тешки бомбардери Ту-95 и ловци Су-35.
-
Свет 15.02.2023 09:22
-
Свет 15.02.2023 09:20
НАТО: Помош за Киев, Москва подготвува нови напади
Битки околу Бахмут. НАТО предупреди дека Русија подготвува нови напади и најави помош за Украина. За Киев, приоритет се борбените авиони.
-
Свет 15.02.2023 09:19
Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 41 илјада
Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија надмина 41 илјада. Околу 100 илјади се повредени. За спасувачките операции се мобилизирани 235 илјади луѓе. Спасувачките екипи неуморно трагаат по преживеани.
-
Свет 14.02.2023 18:24
Турција повторно ја погоди земјотрес
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Турција, објави EMSC.
-
Свет 14.02.2023 16:30
Нов земјотрес во Романија
Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер попладнево ја погоди Романија. Оштетени се згради. Потресот беше почувствуван нешто по 14 часот и во Македонија, Србија и Бугарија.
-
Свет 14.02.2023 14:40
Дводневен самит на министрите за одбрана на НАТО
Украина и одбраната на источното крило на НАТО – тема на дводневниот состанок на министрите за одбрана на Алијансата.
-
Свет 14.02.2023 13:42
Вонредна состојба во Нов Зеланд
Вонредна состојба во Нов Зеланд поради циклонот Габриел кој предизвика поплави, свлечишта и огромни бранови низ Северниот остров. Блокирани се патишта, уништени се мостови.
-
Свет 14.02.2023 13:37
Во САД пронајдени важни делови од сензори и електроника
Американската војска пронашла важни делови од сензори и електроника од кинескиот балон кој беше соборен на почетокот на февруари.
-
Свет 14.02.2023 13:13
Убиени и ранети во пукање на универзитетот во Мичиген
Вооружен маж пукал на две локации во кампусот на Државниот универзитет во Мичиген. Убил најмалку тројца, по што извршил самоубиство. Полицијата соопшти дека неговото тело било пронајдено надвор од универзитетскиот кампус. Петмина се повредени и се пренесени во болница.
-
Свет 14.02.2023 12:27
Завршува спасувачката операција во Турција и Сирија
Девет дена и речиси двесте часа по катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, под урантините се спасени уште двајца. Желбата за живот на 17-годишниот Мухамед Енес посилна од тешкиот бетон и метал во областа Кахраманмараш, епицентарот на разорните потреси.










