Денеска НАТО ја започна својата годишна нуклеарна вежба. 60 авиони учествуваат во тренажни летови над Белгија, Северното Море и Велика Британија со цел да се практикува употребата на американските нуклеарни бомби распоредени во Европа.
-
Свет 17.10.2022 11:30
-
Свет 17.10.2022 09:57
Повеќе од 600 жртви во смртоносни поплави
Повеќе од 600 луѓе загинаа во најсмртоносните поплави во Нигерија во изминатата деценија. Рекордните врнежи и принудија 1,3 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.
-
Свет 17.10.2022 09:56
ЕУ размислува за ограничување на цените на гасот
Лидерите на Европската унија се подготвени да ги разгледаат сите можности за ограничување на цената на гасот. Во обид да се скроти поскапувањето на енергенсите пред доаѓањето на зимата во Европа.
-
Свет 17.10.2022 09:56
Експлозии во Киев, напади со беспилотни летала
Неколку експлозии се слушнале во Киев, откако се огласиле сирените за воздушен напад. Според првичните информации биле предизвикани од беспилотни летала-камикази. Градоначалникот на Киев, Кличко изјави дека избувнал пожар во нестанбена зграда. Ги повика граѓаните да останат во засолништата.
-
Свет 16.10.2022 13:01
20-ти конгрес на Комунистичката партија на Кина
Кинескиот претседател Џинпинг на 20-от конгрес на Кинеската комунистичка партија рече дека народот треба да одлучи за тајванското прашање и дека Кина никогаш нема да се откаже од правото на употреба на сила.
-
Свет 16.10.2022 12:03
Иран: Истрели и повредени во голем пожар во затворот Евин
Голем пожар избувна во озлогласениот затвор Евин во Иран во кој се сместени политички затвореници, новинари и странски државјани. Одекнаа и истрели и експлозии. Има повредени лица, а се уште не се знае зошто и како избувнал пожарот.
-
Свет 16.10.2022 10:55
Продолжуваат борбите во регионот на Донбас
Продолжуваат борбите во различни области на фронтот во Украина. Претседателот Зеленски рече дека најтешката е ситуација во насока на Бахмут, кој сè уште е под контрола на украинската армија.
-
Свет 15.10.2022 14:22
Хант: Пред нас се тешки одлуки
Новиот британски министер за финансии Џереми Хант изјави дека некои даноци ќе мора да се зголемат, што е уште една остра промена во финансиската политика.
-
Свет 15.10.2022 13:04
Десетици загинати во експлозија во рудник во Турција
Десетици загинати рудари во експлозија во капацитет за вадење јаглен во северна Турција. Над 50-ина останаа заробени под земја, по што следуваше спасувачка акција за нивно извлекување. Неколкумина повредени се испратени на лекување во Истанбул.
-
Свет 15.10.2022 11:43
Зголемена активност на вулканот Mауна Лоа по земјотрес
Земјотрес со сила од 5,1 степен по Рихтер го потресе хавајскиот вулкан Мауна Лоа – најголемиот активен вулкан на планетата, кој според научниците е во „состојба на зголемување на активност“.









