Нови смртоносни напади на Русија врз цивилни цели во Украина. Погодена петкатна зграда во Николаев. Гранатиран и јужниот град Запорожје.
-
Свет 14.10.2022 09:30
-
Свет 13.10.2022 19:04
Судири меѓу израелската полиција и Палестинци во Источен Ерусалим
Израелската полиција повторно се судри со Палестинците во Ерусалим. Тензиите во источниот дел на Светиот град се зголемија по убиството на израелски војник на контролен пункт на влезот на бегалскиот камп Шуафат на почетокот на неделава.
Судири се регистрирани низ повеќе населби.
-
Свет 13.10.2022 18:59
Пукање во Братислава, тројца загинати
Тројца убиени во вооружен инцидент во Братислава. Смртоносниот напад се случил во бар на ЛГБТ заедницата.
Полицијата го пронајде телото на осомничениот за кој се верува дека го извршил убиството поради омраза кон хомосексуалците.
-
Свет 13.10.2022 18:53
Се урна висечки мост во Србија, две лица загинаа
Две лица загинаа, а десетмина се повредени откако се откачи висечки мост во Овчар Бања.
Туристите од Звроник се движеле во групи од по две или три лица, држејќи растојание.
-
Свет 13.10.2022 16:37
Голготата на цивилите во Украина
„Не се чувствував безбедно, кога се движев по улица, постојано гледав наназад. Кога наидувавме на руските војници, не ги гледавме, не знаевме што им е во главата. Анализиравме и размислувавме дали е подобро да преживееш напад и војник со пушка да ти се појави на врата?“
-
Свет 13.10.2022 13:23
Путин и Ердоган на средба за можни нови преговори со Украина
Со огромно мнозинство во Генералното собрание на Светската организација, осудена руската анексија на делови од Украина. 143 земји гласаа за резолуцијата со која се прогласуваат неважечки припојувањата на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Русија. Од Кремљ побарано да се поништи анексијата.
-
Свет 13.10.2022 11:21
Австралија зафатена од силно невреме
Австралија зафатена од силно невреме. Стотици домови во југоисточните делови останаа без струја, а жителите се подготвуваат за можните поплави по предупредувањата од метеоролозите за изобилни врнежи. Се очекува најпогодени да бидат државата Викторија и островската држава Тасманија.
-
Свет 13.10.2022 11:11
Северна Кореја изврши пробно лансирање на крстосувачки ракети со долг дострел
Северна Кореја изврши пробно лансирање на крстосувачки ракети со долг дострел.
-
Свет 13.10.2022 11:02
ООН со осуда руската анексија на четирите украински региони
Генералното собрание на ОН со големо мнозинство ја осуди руската анексија на четирите украински региони. За резолуцијата гласаа вкупно 143 земји, пет беа против, а 35 воздржани, меѓу нив и Кина, Индија, јужноафриканската република и Пакистан.
-
Свет 12.10.2022 17:26
Се мобилизираат работници во рафинериите
Француската влада почна да ги мобилизира нафтените работници кои се во тринеделен штрајк, во обид да обезбеди гориво за бензинските пумпи низ земјата.










