Северна Кореја предупреди на воени противмерки против намерните провокации од Јужна Кореја, во момент на високи тензии по севернокорејските лансирања на балистички проектили и заедничките масивни поморски маневри на САД, Јапонија и Јужна Кореја.
-
Свет 15.10.2022 11:31
-
Свет 15.10.2022 09:41
Нови напади во Запорожје
Нови ракетни напади врз Запорожје во текот на ноќта. Жестоки борби околу градот Бахмут, во Донбас. Руските сили напредуваат кон центарот на градот. Цивилите се евакуираат во областа Херсон поради украинската контраофанзива.
-
Свет 15.10.2022 09:23
Најмалку 28 загинати во експлозија во рудник во Турција
Десетици загинати рудари во експлозија во рудник за јаглен во северна Турција. Над 50-тина сè уште се заробени под земја. Неколкумина повредени се испратени на лекување во Истанбул.
-
Свет 14.10.2022 20:14
Израелската војска усмрти Палестинци
Израелската војска усмрти Палестинец на Западниот Брег при рација за лица осомничени за тероризам.
Палестинците сметаат дека ноќните упади и претреси во домовите ја продлабочуваат окупацијата на територијата на која сакаат да основаат независна држава.
-
Свет 14.10.2022 20:02
Еко-активистки вандализираа слика на Ван Гог
Лондонската полиција уапси две еко-активистки кои истурија супа од домати врз сликата „Сончогледи“ на Винсент Ван Гог во лондонската Национална галерија.
-
Свет 14.10.2022 12:23
Нови руски напади врз цивилни цели во Украина
Нови смртоносни напади на Русија врз цивилни цели во Украина. Повторно гранатиран јужниот град Запорожје. Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија вели оти гледа напредок во разговорите околу нуклеарката, но дека останува итната потреба од заштитна зона околу неа.
-
Свет 14.10.2022 12:16
Вооружен напад во Северна Каролина, убиени пет лица
Уапсен е напаѓачот што отвори оган покрај патеката за пешачење во станбена област североисточно од центарот на главниот град на Северна Каролина, убивајќи пет лица, меѓу кои и полицаец, соопштија властите.
-
Свет 14.10.2022 10:26
Поплави во Автралија, населението се евакуира
Австралиските власти ги повикаа граѓаните на југоистокот да ги напуштат своите домови поради поплавите предизвикани од обилните дождови. Се очекува зголеменото ниво на реките да остане високи со денови.
-
Свет 14.10.2022 10:17
Турција: До три години затвор за ширење дезинформации
Турскиот парламент го усвои законот предложен од претседателот Ердоган со кој новинарите и корисниците на социјалните мрежи ќе ги казни од една до три години за ширење лажни информации за безбедноста на земјата со цел да создадат страв и да го нарушат јавниот ред.
-
Свет 14.10.2022 10:03
Јужна Кореја: Пјонгјанг да престане со лансирање и провокации
Јужна Кореја со остро предупредување до Северна Кореја, повикувајќи ја да престане со лансирањето балистички ракети и со провокативните тестови, откако Пјонгјанг денеска повторно истрела ракета со краток дострел кон источните води.









