Повторно се разгоре огнот кој минатата недела беше ставен под контрола во националниот парк „Сера да Естрела“ во Португалија. На терен се повеќе од илјада пожарникари. Се гаси и од воздух.
-
Свет 17.08.2022 11:08
-
Свет 17.08.2022 10:27
Северна Кореја истрела две крстаречки ракети
Северна Кореја истрела две крстаречки ракети од крајбрежниот град Ончон во водите во близина на нејзиниот западен брег-тврди јужнокорејското министерство за одбрана.
Воени претставници од Јужна Кореја и САД го анализираат лансирањето за дополнителни детали.
-
Свет 17.08.2022 09:36
Продолжува неизвесноста околу „Запорожје“
Граната експлодираше на десетина метри од контејнер со нуклеарен отпад во Запорожје за време на украинското гранатирање на областа- изјави член на управата на регионот.
-
Свет 17.08.2022 09:02
Утре продолжува дијалогот Косово- Србија
По повеќе од една година утре во Брисел продолжуваат разговорите во рамките на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.
-
Свет 16.08.2022 14:48
САД: Вонредна состојба во два округа на Западна Вирџинија
Вонредна состојба во два округа на Западна Вирџинија поради катастрофалните поплави предизвикани од обилните дождови. Уништени се над 100 објекти, патишта и мостови.
-
Свет 16.08.2022 12:06
Продолжува неизвесноста во Запорожје
Додека Русија и Украина си ја префрлаат топката за нападите врз најголемата европска нуклеарна централа, светот со огромна неизвесност внимателно го следи секој чекор на Киев и Москва.
-
Свет 16.08.2022 09:59
Адвокатите на Асанж ја тужат ЦИА
Американските адвокати на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж ја тужат ЦИА и нејзиниот поранешен дикректор Мајк Помпео. Ги обвинуваат за снимање на нивните разговори и копирање на содржината од мобилните телефони и компјутери.
-
Свет 16.08.2022 09:55
Пекинг санкционира седуммина тајвански функционери
Кина санкционира седуммина тајвански функционери поради поддршка на независноста на Тајван. Пекинг најави и интензивирање на воените вежби по посетата на петмина американски законодавци на островот, која според Кина, значи повторно непочитување на нејзиниот суверенитет.
-
Свет 16.08.2022 09:36
ОН негираат дека ја одложуваат нуклеарната посета на Украина
Русија ги обвинува украинските трупи за масовно гранатирање на подрачјето на нуклеарната централа во Запорожје. Москва изрази подготвеност да преземе сè што е потребно за да биде реализирана посетата на експертскиот тим од Меѓународната агенција за атомска енергија.
-
Свет 15.08.2022 18:32
Поплави во Анкара
Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара. Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја.







