Американскиот претседател Џо Бајден потпиша документи за ратификација со кои се одобруваат кандидатурите на Финска и на Шведска за влез во НАТО.
-
Свет 10.08.2022 10:05
-
Свет 10.08.2022 09:23
Жестоки борби на фронтот во Донецк, Русија со серија напади за да ја прошири контролата
Жестоки борби се водат на фронтот во источниот регион Донецк во Украина, додека руските трупи почнале серија напади во обид да ја прошират својата контрола врз Донбас, сооптшува Киев. Додаваат дека украинските војници даваат жесток отпор и во голема мера ја држат линијата.
-
Свет 09.08.2022 13:17
Повредени Палестинци во израелска рација
Палестинци повредени во рација на израелската војска во градот Наблус. Операцијата е спроведена во рамките на потрагата по шефот на групата „Бригада на мачениците на Ал Акса“ која е воено крило на Фатах.
-
Свет 09.08.2022 12:21
Тајпеј: Кина се подготвува за инвазија на Тајванскиот остров
Кинеските воени вежби околу Тајван се подготовка за инвазија – тврди Тајпеј. Маневрите се одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Пелоси на островот.
Пекинг воведе трговски ограничувања на Тајпеј и ја прекина соработката со САД во повеќе области.
-
Свет 09.08.2022 09:57
Нагасаки ја одбележува 77- годишнина од атомската бомба
Јапонскиот град Нагасаки ја одбележува 77-та годишнина од атомската бомба која беше фрлена во Втората светска војна. Покрај државниот врв, на церемонијата присуствуваа и лица кои успеале да го преживеат најкатастрофалното бомбардирање во историјата на земјата.
-
Свет 09.08.2022 09:45
Бионтек и Фајзер во октомври ќе испорачаат вакцина за Омикрон
Германската биотехнолошка компанија „Бионтек“ планира во октомври да испорача вакцини приспособени за варијантата омикрон.
Производството на овие дози коишто се наменети за борба против подвидовите на овој сој е во соработка со американскиот партнер „Фајзер“.
-
Свет 09.08.2022 09:39
ФБИ изврши претрес во куќата на Трамп на Флорида
Поранешниот претседател на САД, Трамп објави декапоголем број агенти извршиле претрес во неговиот дом на Флорида при што бил обиен сеф. Според него, акцијата била спроведена со цел да го спречат неговото повторно кандидирање за претседател.
-
Свет 09.08.2022 09:25
Зеленски го повика Западот да забрани влез на Руси на една година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија.
-
Свет 08.08.2022 18:06
Курти: Опасност од нов конфликт во Западен Балкан
Косовскиот премиер, Албин Курти, по повод последните инциденти во северните делови од Косово, каде што живее мнозинско српско население, изјави дека постои опасност од нова војна во Западен Балкан.
-
Свет 08.08.2022 12:28
Кревок прекин на огнот, регистрирани изолирани инциденти
Предупредувачки сирени во израелските градови на границата со Појасот Газа и по активирањето на прекинот на огнот меѓу Израел и палестинскиот Исламски џихад. Еден проектил бил пресретнат од „Железната купола“, систем за против воздушна одбрана, над градот Мивтахим.








