Европската Унија евакуираше 1.000 пациенти од украински болници бидејќи здравствениот систем на земјата е под зголемен притисок поради руската инвазија.
-
Свет 05.08.2022 15:42
-
Свет 05.08.2022 12:35
Тајван забрзано ја зголемува воената готовност
Министерството за одбрана на Тајван тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот.
-
Свет 05.08.2022 11:48
САД прогласија вонредна состојба поради ширење на мајмунски сипаници
Соединетите Американски Држави прогласија вонредна состојба во јавното здравство за да го засилат одговорот на епидемијата на мајмунски сипаници. Досега се инфицирани над 6.600 американци.
-
Свет 05.08.2022 10:44
Средба Вучиќ - Курти во Брисел на 18 август
Следната рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18-ти август во Брисел.
За прв пат по повеќе од една година, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе разговараат за дијалогот меѓу Приштина и Белград.
-
Свет 05.08.2022 10:31
Полска: Мигрантите од Африка, дел од хибридната војна на Русија
Полските власти соопштија дека регистрирале промени во миграцијата преку границата со Белорусија. Поголемиот дел од оние кои сакале илегално да влезат во Полска биле од Африка, а не од Блискиот исток, и истите претходно биле во Русија.
-
Свет 05.08.2022 10:26
Украина: Битки во Запорожје и Николаев
Продолжуваат битките во Украина. Киев ја обвинува Москва за гранатирање на Запорожје и Николаев. Проруските власти тврдат дека е заземена стратегиска точка во близина на Доњецк.
Украина бара Кина да го искористи своето влијание и да изврши притисок врз Русија за да запрат насилствата.
-
Свет 05.08.2022 10:12
Тајван: Кинеските воени бродови и авиони ја преминаа линијата на раздвојување
Министерството за одбрана на Тајван тврди дека кинеските воени бродови и авиони ја преминале линијата на раздвојување во Тајванскиот теснец. Државниот врв изрази подготвеност за војување доколку биде неопходно, нагласувајќи дека нема да дозволат изолација на островот.
-
Свет 04.08.2022 19:23
Американската кошаркарка Бритни Грајнер во Русија осудена на девет години затвор
Американската кошаркарка Бритни Грајнер денеска пред рускиот суд во Химки е осудена на девет години затвор поради поседување и шверц на дрога.
-
Свет 04.08.2022 16:19
Растат тензиите во Тајванскиот теснец откако Кина ги отпочна воените вежби
Растат тензиите во Тајванскиот теснец. Островот под целосна блокада. Кина ги почна најавуваните воени вежби-најголемите во последните речиси три децении.
-
Свет 04.08.2022 14:01
Австрија: Преговори за иранската нуклеарна програма
По неколкумесечен застој во Виена продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма, во обид да се рестартира процесот и да се контролира забрзаниот технолошки развој на Иран.










