Убеден сум дека Шведска и Финска ќе успеат да влезат во НАТО. Германија прави се што е можно тоа да се случи, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Холандија.
-
Свет 19.05.2022 20:15
-
Свет 19.05.2022 19:54
Мишел: Европската геополитичка заедница би го олеснила процесот на пристапување во ЕУ
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска во Белград изјави дека „Европската геополитичка заедница“, која тој ја предложи, ќе им помогне на земјите кои сакаат да се приклучат на Европската унија, бидејќи тоа ќе го олесни нивниот процес на приклучување.
-
Свет 19.05.2022 19:22
Бајден се сретна со лидерите на Шведска и Финска
Американскиот претседател Џо Бајден денеска се состана со лидерите на Шведска и Финска, откако двете земји се откажаа од долгогодишната неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина.
-
Свет 19.05.2022 19:05
Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ.
-
Свет 19.05.2022 16:34
Голема полициска акција во Бремерхавен
Голема полициска акција е во тек во Германија откако непознат напаѓач отворил оган во училиште на северот на земјата.
Едно лице е тешко повредено, а полицијата брзо пристигнала на местото на настанот.
Во тек е истрага за инцидентот.
-
Свет 19.05.2022 16:26
Сообраќајна несреќа на автобус од Косово
Автобус кој се движел од Косово кон Хановер удрил во бетонска преграда на австрискиот автопат А1 во близина на Салцбург. Во автобусот имало 28 лица. Неколкумина повредени побарале помош.
-
Свет 19.05.2022 16:21
Обдукцијата потврди дека телото извлечено од Дунав е на Матеј Периш
Телото коешто беше извлечено од реката Дунав во Белград е на исчезнатиот Матеј Периш од Сплит, на кого му се изгуби трагата на 30-ти декември минатата година во Белград.
Според првичните информации од обдукцијата, причина за смртта е давење.
-
Свет 19.05.2022 16:13
Ердоган: Известивме дека ќе кажеме „не“ за членството во НАТО
Турскиот претседател Ердоган изјави дека ги известил своите сојузници дека ќе каже „не“ за приемот на Шведска и Финска во НАТО.
Повтори дека двете скандинавски држави им даваат засолниште на терористи и ги финансираат и снабдуваат со оружје.
-
Свет 19.05.2022 14:11
Вархеји во работна посета на Софија
Комесарот на ЕУ за соседство и проширување, Оливер Вархеји, денеска престојува во кратка работна посета на Бугарија.
-
Свет 19.05.2022 12:51
ОН: Инвазијата врз Украина може да предизвика глобална прехранбена криза
Руската инвазија на Украина го влоши снабдувањето со храна во сиромашните земји. Светот би можел да се соочи со глобален недостиг од храна доколку украинскиот извоз не се врати на предвоените нивоа.










