„Северна Кореја истрела три балистички ракети кон Jапонско море“, тврди јужнокорејската армија.
Проектилите биле лансирани од областа на аеродромот Сунан близу Пјонгјанг.
„Северна Кореја истрела три балистички ракети кон Jапонско море“, тврди јужнокорејската армија.
Проектилите биле лансирани од областа на аеродромот Сунан близу Пјонгјанг.
Најмалку 19 деца загинаа при пукање во основно училиште во Тексас во текот на вчерашниот ден, јавија американски медиуми.
Руско-украинската војна влегува во четвртиот месец. Жителите на Киев на комеморација за жртвите во конфликтот. Откако руските сили се повлекоа од главниот град, офанзивата ја пренасочија кон истокот и југот на Украина.
Јеменските Хути тврдат дека собориле дрон на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Три лица загинале откако леталото се урнало врз населено место во Сана.
Во Јемен е прогласен прекин на огнот кој истекува на почетокот на јуни. Граѓанската војна почна во 2014 година.
Петмина загинати при уривање на 10-катница во иранскиот град Абадан.
Властите очекуваат зголемување на бројот на жртви. Спасувачките екипи трагаат по преживеани.
Во тек е истрага за причините за уривањето на објектот кое се случи за време на песочна бура.
„Кризните состојби со инфлацијата, енергијата, храната и климатските кризи ќе предизвикаат економска бура“, предупреди германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек на Светскиот економски форум во Давос.
Лабуристот Ентони Албанес положи заклетва со што официјално ја презеде функцијата австралиски премиер, неколку часа пред да замине за Јапонија, каде што ќе присуствува на Меѓународен самит.
По две години пауза поради пандемија, светската бизнис елита се враќа во швајцарскиот ски-центар на Алпите. Војната во Украина и ризиците за економското закрепување во фокусот на Светскиот економски форум во Давос.
Поради конфликтот во Украина, бројот на внатрешно раселените лица во светот за прв пат надмина 100 милиони луѓе, проценија Обединетите Нации.
Од почетокот на конфликтот, од Украина заминале над 6 милиони, а бројот на бегалци се зголемува и од Русија.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се закани со одмазда за убиството на полковникот на Револуционерната гарда на Иран, ден по нападот во Техеран.
Полковникот Хасан Саџад Ходаи загина откако беше застрелан од две лица на мотоцикл пред неговата куќа во Техеран.