• Свет 25.03.2022 20:06

    Украинците натаму го контролираат Мариупол

    Украинските сили продолжуваат да го контролираат опколениот јужноукраински пристанишен град Мариупол, изјави висок функционер на украинската безбедност Олексеј Данилов.

    Мариупол се држи и никој нема да го предаде, изјави Данилов, цитиран од британските медиуми.

  • Свет 25.03.2022 18:11

    Киев: Преговорите со Москва се многу тешки

    Украина денеска соопшти дека преговорите со Русија се „многу тешки“ и вети дека нема да отстапи од барањата. 

    Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека „процесот на преговори е многу тежок“.

  • Свет 25.03.2022 17:46

    Бајден ги посети американските војници во Полска

    Претседателот на САД, Џозеф Бајден денеска ги посети американските војници стационирани во Жешов, место во југоисточна Полска, кои таму пристигнаа за засилување на Источното крило на НАТО и притоа им се заблагодари за одбраната на демократијата од автократите.

  • Свет 25.03.2022 13:39

    ЕУ и САД склучија договор, Америка ќе ја снабдува Европа со гас

    Америка ќе ја снабдува Европа со течен гас. Ова е договорено на средбата на американскиот претседател Џо Бајден со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Брисел.

  • Свет 25.03.2022 13:07

    Русија тврди дека ја уништила најголемата нафтена база на вооружените сили на Украина

    Нов обид да се избегне хуманитарна катастрофа во градот под руска опсада Мариупол. Договорено е цивилите да го напуштат градот со сопствени возила, соопшти украинската вицепремиерка Верешчук. Зелен коридор има и во Мелипотол.

  • Свет 25.03.2022 10:25

    Не запираат нападите на руската армија

    Не запираат гранатирањата и нападите на руската армија во повеќе украински градови. На Мариупол му се заканува хуманитарна катастрофа. Во градот кој неколку недели е под руска опсада, жителите се соочуваат глад, има недостиг на вода и лекови. Се гранатира и во украинската престолнина Киев.

  • Свет 25.03.2022 08:11

    Земјотрес во Јапонија

    Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утринава во Тихиот Океан во близина на брегот на Јапонија.

    Според јапонската метеоролошка служба, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри во областа на префектурата Фукушима.

  • Свет 24.03.2022 20:00

    Бајден: Русија треба да биде исклучена од Г-20 како одговор на војната во Украина

    Русија треба да биде исклучена од Групата 20 индустриски најразвиени земји и економии во светот поради нејзината воена агресија врз Украина, изјави денес американскиот претседател Џо Бајден.

  • Свет 24.03.2022 19:32

    Макрон: Нови санкции против Русија

    Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека западните земји се подготвени да ги зајакнат санкциите против Русија. 

  • Свет 24.03.2022 19:24

    Европа го зголемува притисокот врз Москва

    Разгорување на фронтот во Украина и серија клучни самити во Брисел на крајот од првиот месец од руско-украинскиот конфликт. Наместо со дипломатски прогрес и мировно решение, двете страни продолжуваат да се фалат со воени успеси.

Pages