Патнички авион на компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“ со 132 лица се урна денеска во јужна Кина, соопштија кинеските воздухопловни власти. Државните медиуми јавуваат дека падината каде паднал авионот е во пламен, бројот на жртвите засега не е познат.
-
Свет 21.03.2022 11:33
-
Свет 21.03.2022 10:37
Авион со 133 патници се урна во Кина
Кинески патнички авион на компанијата „China Airlines“ Боинг 737 се урна во јужниот дел на Кина, пренесуваат светските агенции. Засега не е јасно дали има преживеани. Во авионот имало 133 лица.
-
Свет 21.03.2022 09:51
Одбиен рускиот ултиматум за предавање на Мариупол
Украина го одби рускиот ултиматум за безбеден излез од Мариупол ако властите го предадат градот. Според предлогот, на цивилите ќе им беше дозволено да го напуштат градот ако украинските сили го положат оружјето. Сепак, Украина го одби предавањето на стратешки важниот пристаништен град.
-
Свет 20.03.2022 13:24
Битка за Мариупол, судирите се засилуваат
25-ти ден од војната во Украина. Според податоците на ОН загинале околу 850 цивили. Продолжуваат уличните борби во Мариупол. Судирите се засилуваат. Гранатирана е и клучна транзитна точка за излез од Запорожје.
-
Свет 20.03.2022 13:12
Шестмина загинати и десетици повредени откако автомобил влета во толпа во Белгија
Автомобил влетал во карневал и усмртил шестмина, 26 се повредени, од кои 10 се во критична состојба. Празничното утро се претвори во кошмар во гратчето Стрепи-Бракени во Јужна Белгија. Повредените се пренесени во различни болници во Хено и Брисел. Активиран е планот за катастрофи.
-
Свет 19.03.2022 10:01
Дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО?
До вчера традиционално неутралната Финска, по руската инвазија на Украина ја донесе одлуката и таа воено да му помогне на Киев. Но, и Хелсинки размислува да се зачлени во НАТО.
„Досега мислев дека не требаше да бидеме таму, но работите се сменија во последно време.“
-
Свет 19.03.2022 09:27
Ракетен напад на Миколаев, се отвора хуманитарен коридор во Луганск
Страшни сцени од Миколаев по голем ракетен напад. Луѓе затрупани под урнатините, спасувачите се обидуваат да ги извлечат. Меѓу нив има жени и деца. Според некои извори, загинале најмалку 40 луѓе.
-
Свет 18.03.2022 20:26
Борисов пуштен од притвор
Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов вечерва е ослободен од притвор. Како што изјави за бугарските медиуми, немало обвинение против него.
-
Свет 18.03.2022 19:09
Кина: Конфликтот не е во ничиј интерес
Кинескиот претседател Си Џинпинг во денешниот разговор преку видео врска со американскиот претседател Џо Бајден истакна дека конфликтите и конфронтациите не се во интерес на никого.
Односите меѓу државата не можат да одат до фаза на воени непријателства, посочи Си.
-
Свет 18.03.2022 18:11
СЗО: Сè уште е далеку крајот на пандемијата
Портпаролката на Светската здравствена организација Маргарет Харис денеска изјави дека е далеку крајот на пандемијата со ковид-19.
Дефинитивно сме на половина пат од пандемијата – истакна Харис.









