Во Виена почнува конференцијата за „репатријација на мигранти“. Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер покани повеќе од 20 претставници на влади од ЕУ и од Западен Балкан.
-
Свет 21.02.2022 09:50
-
Свет 21.02.2022 09:40
Кралицата Елизабета позитивна на ковид
Британската кралица Елизабета втора е позитивна на коронавирус, објави Бакингемската палата.
95-годишната монархиња, која на 6 февруари прослави 70 години на тронот, има благи симптоми на настинка, и се очекува да ги продолжи обврските во Виндзор, соопштија од палатата.
-
Свет 18.02.2022 15:04
Уапсени организаторите на „Конвојот на слободата“
Уапсени двајцата главни организатори на протестите на канадските камионџии. Иницијаторите на таканаречениот „Конвој на слободата“ се лишени од слобода во канадскиот главен град.
-
Свет 18.02.2022 14:54
Бурата „Јунис“ се движи кон Лондон
Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за областа околу Лондон и југоисточна Англија поради силните ветрови што ги донесе бурата „Јунис“. На милиони луѓе им е наредено да останат дома.
-
Свет 18.02.2022 12:45
Се запали траект пловејќи од Грција за Италија, спасените патници се пренесуваат на Крф
Се пребројуваат спасените патници и членови на екипажот од траектот „Еурофери Олимпија“ што се запали додека пловеше од Грција за Италија.
-
Свет 18.02.2022 12:44
Меѓусебни обвинувања за непочитување на договорот
Русија ја обвини Украина дека не го спроведува договорот од Минск потпишан во 2015 година. Украина пак смета дека Русија е таа што не го спроведува договорот од Минск.
-
Свет 18.02.2022 09:22
Блинкен: Сè уште има шанса Русија да го смени курсот
Американскиот државен секретар Блинкен изјави пред Советот за безбедност на ОН дека Русија „презема чекори по патот на војната“, но единствениот одговорен начин да се реши кризата околу трупањето војска во близина на Украина е дипломатијата.
-
Свет 18.02.2022 09:12
Лукашенко најави средба со Путин
Лидерот на Белорусија Лукашенко најави средба со рускиот претседател Путин на 18 февруари за да разговараат за „понатамошните активности“ во врска со заедничките воени сили додека двете земји заедно одржуваат воени вежби.
-
Свет 18.02.2022 08:59
Расте бројот на жртви во поплавите и свлечиштата
Расте бројот на загинати во лизгањето на земјиштето во бразилскиот град Петрополис. Се очекува дополнително да се зголемува. Ова е најголемо количество дожд од 1932 година во Петрополис.
-
Свет 17.02.2022 14:32
Единствени правила за патување
Европарламентарците побараа применување на заеднички ЕУ-правила за патување во време на пандемија. Ја истакнаа важноста за туристичкиот сектор од воведувањето единствени ковид-правила во Унијата.










