Екипите на итната помош се обидуваат да стигнат до 18. 000 луѓе во Британска Колумбија кои се отсечени од остатокот од светот поради поплавите и свлечиштата кои ги уништија патиштата, куќите и мостовите.
-
Свет 19.11.2021 11:08
-
Свет 19.11.2021 10:46
САД: Дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг
САД разгледуваат опции за дипломатски бојкот на Олимписките игри во Пекинг што треба да се одржат од 4 до 20 февруари идната година.
-
Свет 18.11.2021 15:57
Светот закрепнува, Европа со раст на новозаболените
СЗО соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус насекаде низ светот е стабилен или во опаѓање, освен во Европа и покрај масовните кампањи за вакцинирање. Најголем број нови случаи е регистриран во Русија, Германија и во Обединетото Кралство.
-
Свет 18.11.2021 13:14
Дел од мигрантите на белоруско- полската граница се враќаат во Ирак
Десетици ирачки мигранти се враќаат во татковината откако минаа долг период на границата меѓу Полска и Белорусија. Уште денеска заминува првата група која доброволно се откажува од сонот за западна Европа откако ескалираше политичката криза меѓу Варшава и Минск.
-
Свет 18.11.2021 10:45
Канада: Вонредна состојба по бурата на столетието
Вонредна состојба во Британска Колумбија по повеќедневните поројни дождови. Повеќе од 17.000 жители на канадската провинција ги напуштија своите домови поради тешките поплави.
-
Свет 18.11.2021 10:41
Белорусија им обезбеди привремено засолниште на мигрантите
Мигрантите на полско-белоруската граница добија привремено засолниште. Минск им вети дека нема да бидат принудени да се вратат дома. Канцеларката Ангела Меркел по втор пат разговараше телефонски со лидерот на Белорусија Александар Лукашенко.
-
Свет 18.11.2021 09:41
Најмногу инфицирани и починати од Ковид-19 во Европа
Европа и натаму лидер во светот според бројот на инфицирани и починати од Ковид-19. Најмногу нови случаи се регистрирани во Русија, Германија и Обединетото Кралство. Шведска, која се сметаше за најлибералната земја во однос на пандемијата, воведува серификати за собирите на затворен простор.
-
Свет 17.11.2021 13:23
Не стивнува мигранската криза на Полско- белоруската граница
Се продлабочува кризата на Белоруско- полската граница. Шефот на полската полиција смета дека во планирањето и нападот на мигрантите на границата активно учествувале полицајци од белоруските служби. Како доказ го посочи фактот дека мигрантите употребувале шок гранати и солзавци.
-
Свет 17.11.2021 13:00
САД и ЕУ загрижени за случувањата во Босна и Херцеговина
26 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, Босна и Херцеговина е на тест за одржување на мирот и на стабилноста во земјата и во регионот. Поделбите во земјата и заканите на Додик дека ќе ја осамостои Република Српска од заедничките институции ги загрижи САД.
-
Свет 17.11.2021 12:09
Вашингтон: Од понеделник се укинува носењето маски во затворено
Вашингтон од следната недела го укинува задолжителното носење маска во затворен простор. Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи, а таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата, библиотеките, домовите за стари лица и во некои јавни згради.










